Хазби Идризи

Хазби Идризи е градоначалник на Општина Боговиње, кој во вториот последователен мандат, беше убиен среде бел ден на 6 мај 2017 година, од поранешен вработен во општината.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Хазби Идризи е роден на 21 март, 1959 година во Боговиње. Оженет е и татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во 1985 година дипломирал на Економскиот факултет во Приштина.

Покрај албански, зборува и македонски, француски и српски јазик.

 

КАРИЕРА

Работел како овластен сметководител од 1985 до 1995 година.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во периодот од 1998 до 2000 година бил директор на Фондот за локални патишта во општина Тетово.

Од 2000 до 2005 година бил градоначалник на општина Боговиње, потоа од март 2005 година бил раководител на Одделението за ЛЕР во општината, од 2007 до 2008 година бил директор на ЈКП „Шари“- Боговиње.

На локалните избори во 2009 година бил избран за градоначалник на општина Боговиње, по втор пат, а во 2013 година довербата од граѓаните ја добил и по трет пат.

 

СМРТ

Хазби Идризи беше убиен претпладнето на 6 мај 2017 година, во бурекџилница близу објектот на Општина Боговиње во селото Боговиње.

Убиецот е 53-годишен Ќ.А инаку поранешен вработен во локалната самоуправа на Боговиње. Тој по кратка расправија во бурекџилницата со пиштол испукал неколку куршуми кон Идризи и го напуштил местото. По ова тој се упатил кон својот дом каде се обидел да си го одземе животот со истиот пиштол со кој пукал кон градоначалникот.

Лекарите во тетовската болница каде било донесено телото на Хазби Идризи констатирале смрт. Неговиот убиец е пренесен во Клинички центар во Скопје, но набргу починал.

 

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 5

Орбис – Убиен градоначалникот на Боговиње, убиецот се самоуби

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција