Илија Димовски

Истакнат пратеник и партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден на 10 август 1980 година во Велес.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Илија Димовски од 2006 година до денес е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2007 до 2015 година Димовски беше Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2015 година е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на Република Македонија.

Како пратеник во Собранието е член на Национален совет за евроинтеграции, на Совет на Собранискиот канал, како и на неколку комисии. Шеф е на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, како и член на неколку пратенички групи за соработка со други парламенти.

 

ФООМ

Илија Димовски бил член на пододборот на Фондација Отворено Општество – Македонија (ФООМ) за доделување грантови за младински програми.

 

Бомбите

Неговото име беше споменувано во „бомбите“ и со тоа влезе во листата на инкриминирани функционери од власта. Во 25-тата „бомба“ слушаме како ургира кај Јанкулоска некои лица да добијат притвор. Во 20-тата „бомба“ слушаме како со Јанкулоска дефинира кој член на ВМРО-ДПМНЕ ќе го „пикнат“ во одбор на Агенцијата за пошти, за дебел хонорар.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Собрание на Република Македонија – Пратенички состава 2014-2016: Илија Димовски

Дојче Веле: И претседателот Иванов – „секташ“ во соросовата Фондација (26 мај 2016)

Вистиномер: Прислушувани разговори – сет 25: Полициското куче не разликува партии

Вистиномер: Прислушувани разговори – сет 20: Премиерот вработува „миленичиња“

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција