Исполнето: Изградена катната гаража на улица „Даме Груев“

Катната гаража „Тодор Александров“ има 7 ката над земја и две нивоа под земја Фото:Принтскрин

Проектот: ДОИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА НА УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Доизградба на катната гаража на улица „Даме Груев“, со што ќе се добијат нови 650 паркинг-места. (Рок: 2014 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Катната гаража на улица на улица „Даме Груев“ почна со работа во септември 2015 година. Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Скопје, со забелешка дека објеткот е завршен со задоцнување од една година. Рокот за реализација на овој проект наведен во  Изборната програма (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“, ( во делот Урбанизам, булевари, мостови, стр. 53), на  Коце Трајановски,  е 2014 година.

Оваа катна гаража беше свечено пуштена во употреба на осми септември 2015 година, а на церемонијата присуствуваа тогашниот премиер  Никола Груевски и  градоначалник Коце Трајановски. Како што беше соопштено, гаражниот објект е со капацитет за паркирање на 604 автомобили и 120 велосипеди. Влезот во катната гаража е од североисточна страна преку новоизградената подземна улица, додека излезот е од првото подземно ниво преку подземната улица на југоисточна страна, директно на улицата „Даме Груев“. Движењето на возилата по катови се одвива преку спирална рампа. Паркингот за велосипеди е сместен во клунот на објектот, до кој води посебен лифт. Трајановски тогаш објасни дека:

катната гаража „Тодор Александров“ е опремена со современи системи за откривање и јавување на слободни паркинг места, систем за наплата на паркирањето, видео надзор со 87 камери и контролна соба, систем за противпожарна заштита, систем за откривање и јавување на CO2 и гас, систем за заштита од атмосферски празнења, како и систем за климатизација и вентилација. Објектот има корисна површина од 29.183 метри квадратни, на приземје, седум надземни и две подземни нивоа. На приземјето и на првиот кат се сместени деловни простории.

Во Отчетот  на Трајановски за минатата година (стр.12), за овој проект, меѓу другото,  е наведено дека:

Градот Скопје за овој значаен зафат издвои околу 780 милиони денари 

Овој објект почна да се гради во 2011 година (во претходниот мандат на Трајановски ), а според првичните проекции требаше да биде готов до 2013 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција