Истражувачка помија

 (Рецензија: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија!)

Колку и да е атрактивна за медиумите блиски до политиките на актуелната власт кај нас, оваа информација се појави само во два-три крајно нерелевантни интернет портали. Тоа, од една страна потврдува дека поголем број од медиумите препознале сомнителна содржина, автор и медиуми од каде што е преземена оваа приказна (за мали деца).

Како и да е, за да не остане без проверка, следува оваа рецензија за која сметаме дека имаме доволно аргументи за да ги потврдиме нашите оценки.

02242015-iNFOMAX-NulandЛинк до оригиналниот напис: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија!

Датум и време на објавување: 18.02.2014

Датум на рецензирање: 24.02.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дека е ова приказна за мали деца потврдува тоа дека таа е полна со фантазмагории и измислици кои во фантазијата на децата создаваат поинакви светови, ама ако станува збор за четиво за сериозни луѓе, оваа медиумска содржина мора да се идентификува како конструкција заснована врз основа на лаги и крајни шпекулации.

Првата сериозна шпекулација и лага е содржана во првата реченица на овој пасус. Пасусот го цитираме во целина за да ја добието заокружено целосната манипулација со овие измислици:

„Македонската разузнавачка служба ја обвинила Нуланд за конспирација со Заев и СДСМ, бивша Комунистичка партија која цврсто е држена од страна на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Соросовите оперативци. За пуот против Груевски обвинета е и Радмила Шеќеринска. Македонските инсајдер за Заев и Шеќеринска кажуваат дека тие двајца се само параван на бившиот претседател Бранко Црвенковски, кој и понатака во води СДСМ и зема пари од невладините организации на ЦИА, како што се Националниот демократски институт (НДИ), Националното здружение за демократија, Фридом Хаус и Соросовиот Инстиут за отворено општестви, да предизвика револуција против владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.“

Авторот на оваа медиумска содржина или има инсајдерски информации од „македонската разузнавачка служба“, или измислува, зашто никаде и никогаш не било објавено вакво нешто. Кога сериозно би се зеле предвид овие тврдења, човек ќе заклучи дека не била Грција, туку САД ги прислушкувале граѓаните во Македонија. Како тоа досега само Грција беше обвинувана, иако не официјално, туку со посредство на медиумите блиски до владата.

Слободата на фантазијата на авторот не запира тука. Тој нуди деталји, кои, повторно, доколку се точни, ги поседува само полицијата и истражните органи, и, тие деталји, во оваа фаза не можат да му бидат достапни на било кој друг:

„Македонската полиција во рации извршени во Скопје и Велес заплениле пет лаптоп компјутери, три десктоп компјутери, 19 мобилни телефони, 100 ЦД-а и ДВД-а, 17 хард дискови, и 9 штедни книшки кои ги користеле пучистите, вклучително и една со број поврзан со Соросовиот НВО. Како што се доближувал датумот за планираниот пуч, растеле и банковите сметки, по претпоставка со кеш од ЦИА. “

Велес (?!). Зошто Велес? Нели беше Струмица? Ама тоа не е толку важно. Важно е да се билдаат небулози, измислиците да создаваат слики кои треба да се врежат во главите на луѓето.

За да се напише нешто вакво, треба да се најде некој кој има ментален склоп да прифати нарачка за конструкција на нова, измислена реалност.

Пронајден е во извесен Вејн Мадсен. Ако ѕзирнете во неговата биографија, во јавно објавените информации за овој новинар, поранешен офицер на армијата на САД го читате следново:

–          Весникот „Обзервер“, издание на „Гардијан’, едвај се извлекле од неволјата што хи снашла кога објавиле тект во кој го цитирале Мадсен во врска со аферата Сноуден;

–          Објавувал текстови дека Обама е геј, па дури и опишувал деталји;

–          Објавувал стории, повикувајки се на неидентификувани извори, дека „11/9“ е дело на израелски МОСАД, во соработка со Саудијската тајна служба;

–          Неидентификувани извори се нешто што постојано се провлекува низ неговите „новнарски“ дела. Така протурил стории во палестински весници дека посебен тим на МОСАД убил триесеттина ирачки научници додека траела инвазијата на САД во таа земја;

–          Дека израелците ги контролираат американскиот Конгрес, медиумите, Си-еН-еН, Холивуд, Волстрит, двете најголеми политички партии и Белата Куќа;

–          На „Гардијан“ се обидел да им подметне приказна дека имало тајна американска операција да се елиминира Хуго Чавез, поранешниот претседател на Венецуела…

Единствено точно и заедничко за речиси сите „истражувачки“ стории на Мадсен е дека сите дека биле демантирани или нарекувани – смешни. Сите останати извори каде што се среќава името Вејн Мадсен, ја поврзуваат неговата активност како новинар специјалист за теории на заговор.

Медиумот, односно порталот каде што е изворно објавена неговата „анализа“ дека помошничката државен секретар за Источна Европа, Нуланд, е креатор на кризата во Македонија, е гласило на Фондацијата за стратешки култури е руска „направија“. Главен уредник е Владимир Максименко. Фондацијата стои и зад српската и англиската верзија на својот портал.

Оваа информација е, секако доволна за да се стекне впечаток за намерата зад оваа новинарска помија.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција