Ивица Димитров

 

Ивица Димитров e градоначалник на Oпштина Виница

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Ивица Димитров е роден на 30 април, 1983 година во Виница.  Оженет e и татко на две деца. Го сака спортот, особено кошарката која претставува негово омилено хоби.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде се стекнал со звањето инженер – технолог.

Во 2009 година следел обуки и семинари во компанијата Bezema во Швајцарија, каде се стекнал со сертификат за боење на текстилни материјали. Во 2010 година и во 2011 година добил сертификат за перење и штампање на текстилни материјали во Либерец, Република Чешка, во компанијата Huntsman.

Во  2016 година добил награда за најдобар технолог инженер за фарбање, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија.

 

КАРИЕРА

Од 2007 година до 2012 година работел како раководител во одделението за фарбање и печатење во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница,

Од 2013 до 2017 година е главен технолог за производство во Модната групација „ИНТ–Трејд“ од Кочани.

Пред да биде избран за градоначалник на Општина Виница бил директор на Државен комунален инспекторат на Република Македонија .

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина  Виница.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Виница: Градоначалник

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *