Ивица Коневски

 

Тој е актуелен градоначалник на Општина Аеродром. Во моментов го одработува својот втор мандат на градоначалничкото место.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Ивица Коневски е роден на 14 декември 1978 година во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран правник со положен правосуден испит.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

 

Негово прво искуство во политиката било советничкото место во Советот на Град Скопје, во периодот 2005-2006. Потоа бил назначен за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП). Освен тоа, бил и претседател на Бордот на директори на Градскиот Трговски Центар – Скопје.

На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски. На следните локални избори во 2013 тој славел победа над Диме Велковски од СДСМ со освоени 63% од вкупните гласачки ливчиња. Новиот мандат му почнува на 24 март 2013 година.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на општина Аеродром: Градоначалник

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција