Ивица Тошевски

Ивица Тошевски e градоначалник на Oпштина Ранковце

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Тошевски е роден на 12.02.1966 година во Крива Паланка, а живее во село Ветуница Општина Ранковце. Оженет е и татко е на две  деца.

Љубител е на спортот, особено боксот и фудбалот со кои активно се занимавал.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Ранковце, средно образование  во Скопје во ХУЦ  „Марија Кири Склодовска“, а ВСС завршува на Институтот за безбедност, мир и одбрана на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје.

 

КАРИЕРА

Првото вработување му е  во 1992 година во МВР -ОВР, ПС „Крива Паланка”, како полицаец.

Во периодот од 2000 до 2003 година  бил командир на ПС-„Ранковце”.

Од 2006 до 2008 година  бил командир на ПО за БПС „Крива Паланка”.

Од 2008 до 2011 година бил командир на ПС за ГК „Деве Баир”.

Од 2011 до 2013 година е именуван за началник на униформираната полиција во СВР „Куманово“.

Од 2013 до 2017 година бил  самостоен инспектор во СВР „Скопје”.

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општината Ранковце, како независен кандидат.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Ранковце: Градоначалник

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција