Избор написи на Оливера Војновска во 2016 година

Оливера Војновска. Фото: лична колекција. Фотомонтажа: funphotobox.com

 

 

Контраспин: Груевски ги нападна дипломатите, ВМРО-ДПМНЕ прашува кој им се заканувал?! (23.12.2016)

Владејачката партија треба да си го побара „конкретниот пример“ за тоа кој упатил заканувачки пораки кон амбасадорите во сопствениот двор. Таму ќе најде не само еден, туку повеќе такви примери, а најоригиналниот е позициониран на партиското кормило

 

Контраспин: Заев или Груевски – кој ја држи во заложништво Македонија? (29.11.2016)

Интересно е како Груевски ја заобиколува сопствената улога и улогата на неговата партија и виновникот за ситуацијата во општетсвото го наоѓа  во опозицијата, односно во Заев! Иако, далеку поинтересно за опсервација, на пример, е како екс-премиерот изминатава деценија ја практикувал власта, како ги извршувал наделжности кои ги имал според Уставот, какви се демократските слободи и права на граѓаните, состојбата во медиумите…

 

Изградбата на шесте автопати ВМРО-ДПМНЕ ја ветува трипати (24.11.2016)

Автопатските делници: Демир Капија – Смоквица  , Миладиновце – Штип, Кичево – Охрид,  Гостивар и Охрид, Требеништа – Струга и Скопје – Блаце,  ги ветува три изборни циклуси и тоа за предвремените парламентарни избори во 2011 година, за предвремените избори 2014 година и сега, за изборите закажани за 11 декември оваа година (2016).

 

Контраспин: И инвестицискиот бум, и шпионите само во очите власта! (15.11.2016)

За тоа каква е реалната слика и колкава корист има Македонија од „инвестицискиот бум“ доволно сликовито  покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за економски анализи (објавено во февруари 2016 година), според кои едно новоотворено работно место во странските компании што се наоѓаат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), државата ја чини 21.000 евра

 

А кој да ги кине пријавите на децата кои немаат „звучни“ презимиња?! (28.10.2016)

Ако пред дваесет години водечки политички личности во државата ги затворале очите пред прекршоците на  „синот на поранешниот министер“,  сега не останува простор за фрапираност поради нечија денешна мистификација и улога во градењето на култот за „фамилијата“, а уште помалку треба да има зачуденост поради уривањето на институциите и нефункционирањето на правниот поредок.

 

Контраспин: Фетаи зборува за докази, министерката за трач – муабети (21.10.2016)

Министерката ја извитоперува вистината и креира перцепција, дека се работи за неаргументирани тези и озборување со политичка заднина (опозициска), но истовремено генерализира, па обвинувањата за злоупотреби ги поврзува со цело Министерство, иако  СЈО одговорноста ја лоцира кај конкретни лица (без да ги именува).

 

Владата не е „невина“ за потопот во скопско! (19.08.2016)

Двете клучни институции во системот за справување со кризи – ЦУК и ДЗС, се под директна контрола на Владата и таа никако не може да се трга настрана и да биде „невина“ за потопот во скопско, туку по логиката на нештата е најодговорна и треба да биде на врвот на пирамидата

 

Преседан: Судска медицина првпат заобиколена за поплавите во Скопје (12.08.2016)

Настраданите во поплавите мора да ги прегледа стручњак од Судска медицина за да може да се каже дали има насилство или не. Луѓето се погребани без да се утврди вистинската прична за смрт од страна на професионалци, велат од Институтот за судска медицина

 

КОНТРАСПИН: Теута Арифи сега ги виде бронзените коњи во Скопје! (05.08.2016)

Многупати досега таа имаше можност да реагира дека коалициската Влада недомаќински троши пари на бронзени коњи. Тоа можеше да го стори и кога беше пратеник, кога вршеше функција заменик-премиер, но и како градоначалник на Тетово. Дотолку повеќе што таа е еден од четворицата потпретседатели на партијата на која ѝ припаѓа.

 

Не е познато дека Мијалков и Јанкулоска официјално ја одбиле милоста на Иванов (30.05.2016)

Станува збор за изјава на шефот на дипломатијата Никола Попоски, што тој ја даде во жестокото интервју  кое со него го водеше новинарот на Дојче Веле, Мишел Фридман. Во оваа изјава Попоски тврди дека  експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексдиректорот на Управата за контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече нивната аболиција.

 

ВМРО-ДПМНЕ фаќа „кривини“ за обврските од Пржино (22.04.2016)

Кога Димовски вели дека неговата партија ги исполнила обврските кои произлегуваат од Договорот од Пржино, воопшто не ги споменува клучните предуслови за излез од политичката криза , а тоа се: прочистен избирачки список, реформата на медиумите, владеењето на правото и независност во работата на државните институции – одвојување на партијата од државата.

 

Иванов, сепак, прости изборен криминал (13.04.2016)

Имено, првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството (СЈО) во февруари (2016) отвори истражна постапка и  побара мерка притвор за осуммина лица,  е „Титаник“ и тој се однесува на десетина дела поврзани со изборите. Тогаш  обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека „е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година“

 

Излези Жерновски право на тераса! (31.03.2016)

Во изминатиот период  Жерновски повеќе пати најави уривање на спорниот дел од грабата, но сепак, тоа досега  (31.03.2016) не се случи. Така што, оваа негова изјава ја оценуваме како недоследна.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција