Избор написи на Сашо Спасоски во 2016 година

 

 

Струмица не ги доби двата ветени булевара (26.12.2016)

Две улици во Струмица, од кои едната прилично фрекфентна, ќе бидат претворени во булевари. Ова го вети Зоран Заев, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Струмица на локалните избори во 2013 година. Ветувањето во неговата изборна програма е на стр. 41.  Според проверката на „Вистиномер“ ова негово ветување досега (26.12.2016), е неисполнето.

 

Битола сè уште чека на централното греење ветено пред пет години (20.12.2016)

На тој план досега е преземено многу малку и тоа во подготвителна фаза, односно работата сè уште не е стасана ни до конкурс за избор на изведувач. Самото подготвување на проектна документација,  односно потпишување на договор за заем без воопшто да се преземат активности за избор на изведувач, е минимален чекор во правец на реализирање на овој обемен проект. Така што, ветувањето за топлификација на Битола( со општините Могила и Новаци)  го сметаме за неисполнето.

 

На ВМРО-ДПМНЕ и на Трајановски не им тргна со подземните сообраќајници (09.12.2016)

Овие ветувања за две подземни сообраќајници и за крстосница на две нивоа кај НУБ „Свети Климент Охридски“ предизборно се давани двапати претходно, но досега се главно неисполнети. Покрај тоа, интересно е и тоа што во најновите ветувања роковите за почеток на изградба на овие сообраќајници се прилично далеку отсега, односно крајот на 2019 и 2020 година. Тоа можеби може да се сфати и како очекување дека ќе има проблеми за реализацијата, слични како тие што се појавуваа досега, кои ќе ги опишеме накратко подолу.

 

ВМРО-ДПМНЕ десет години ветува електронски здравствени картички, рецепти и упати (29.11.2016)

Ветувањето за укинување на здравствените книшки и сините картони и за укинување на хартиениот упат и хартиениот рецепт, со кои требаше да се олесни работата на лекарите и на фармацевтите и ќе им заштедуваше време и ним и на пациентите, но ќе донесеше и материјални заштеди, е делумно реализирано.

 

Фабриката за етанол со нови 1.000 работни места „испарува“? (14.09.2016)

Како што утврдивме, ова ветување на министерот за странски инвестиции Бил Павлески, кое опфаќа и 1.000 нови работни места досега, на самиот крај на претпоследниот квартал на годинава, е неисполнето, а според најавите од „Етанол Јуроп Рињуабл“, не се знае кога би почнала изградбата. Дополнително, во приказната се вмешува и една многу контроверзна тема – генетски модифицирани организми.

 

Ветените 12 милиони евра од „Мадерсон“ од „Бунарџик“ ги одвеа ветрот (12.09.2016)

Како што лесно може да се утврди, таа инвестиција не се реализира, односно компанијата не инвестира во Македонија, па соодветно на тоа, ветувањето за инвестиција од 12 милиони евра и вработување 140 луѓе, коешто го кажува Груевски, е неисполнето.

 

СЈО можеби влета, но Каракамишева-Јовановска излета од кривина со 100 километри на час (24.08.2016)

Со три тези во својата денешна колумна, универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска се обидува да направи класичен спин, игнорирајќи ја очигледно реалната ситуација околу случајот „Пуч“ и динамиката и проблемите на работата на СЈО

 

Предупредување за поплави осум години фаќало пајажина? (08.08.2016)

Најпогодениот дел од Скопска котлина, оној под Скопска Црна Гора, каде беа загубени 21 живот и е нанесена огромна материјална штета, е посочен како посебно ризичен за поројни текови во документ што Град Скопје го изгласал пред 8 години

 

КОНТРАСПИН: Власта ги урна институциите – затоа народот излезе на улица (01.08.2016)

Класичен, би рекле школски, пример на политичко спинување на вистината беше протуркан во интервјуто на Срѓан Керим, актуелен кандидат на Македонија за нов генерален секретар на Обединетите нации, емитувано на 26 јули вечерта на Телевизија „Новa“. Ред вистина, односно енциклопедиски дефиниции за демократијата и функционирањето на државата, ред погрешни лоцирања на нештата, односно искривен приказ на анатомијата на кризата

 

Турското маало во Струмица уште чека на некои ветувања од Заев (07.06.2016)

Даде ветувања за целосна реконструкција на Турското маало, со асфалтирање улици и поплочување тротоари, нов парк, нова модерна урбана опрема, но и изградба на 100 нови куќи за граѓаните кои живеат во супстандардни услови, како и уредување на гробиштата во Турското маало. Рокот што го наведе е крајот на неговиот мандат, во април 2017 година, односно за помалку од една година отсега. Нашето истражување на медиумските сајтови и на веб-сајтот на Општина Струмица  покажа дека е реализиран само еден дел од ветеното

 

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа за ограничување на правото за помилување, па ретерираа (01.04.2016)

Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ на гласањето во Собранието на 28 март годинава, односно две седмици откако претседателот на партијата ја даде споменатата изјава, го одби Предлог-законот за измена на Законот за помилување поднесен од СДСМ, кој ги вклучуваше истите ограничувања како и Законот укинат од Уставниот суд, изјавата на Никола Груевски е недоследна.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *