Избор написи на Владо Ѓорчев во 2016 година

Владо Ѓорчев. Фото: лична колекција. Фотомонтажа: funphotobox.com Поврзани написи ЗБОРОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ДЕМАГОГИЈАТА: Избор од анализираните изјави во 2016 година Избор написи на Сашо Спасоски во 2016 година Избор написи на Оливера Војновска во 2016 година Предизборен молк Проектите на „Метаморфозис“ претставени на водечката ТВ емисија „360 степени“ на Алсат-М

(Постхумно)

 

Министерот поголем експерт од релевантните институции за испитување на квалитетот на водата (13.07.2016)

Изјавата на Тодоров дека резултатите кои се направени се точни, но ставени во погрешен контекст, односно во контекст на правила кои се одамна напуштени во Европска унија, односно направени се мерења кои се споредени со параметри кои повеќе не се применуваат во ЕУ, ја оценуваме како недоследна.

 

Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите (08.072016)

Според генералниот секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) Трпе Дејаноски, ова е уште еден обид да се скрши штрајкот на судската администрација и обид да се тргне вниманието од проблемите на судските службеници

 

Се крчка Пржино 2 или се домесува Пржино 1?! (04.07.2016)

Не треба да бараме нов договор, туку треба да го реализираме постоeчкиот. Нема време за губење. Целта ни е да завршиме, а не да одложиме. Важно е да има фер и демократски избори со реформирани медиуми и прочистен избирачки список. Значи, да профункцинираат сите елементи од Договорот од Пржино – вели Радмила Шеќеринска за Вистиномер.

 

Средното училиште Кочо Рацин сè уште чека нова зграда (24.06.2016)

Со оглед дека рокот за реализација на проектот посочен во програмата на Митровски (декември 2013) е поминат, а нема изгледи дека тоа ќе се случи до крајот на оваа година (2016), кога е проектираниот рок за негово исполнување наведен во Програмата на Трајановски, ова ветување го оценуваме како нереализирано.

 

Каде исчезнаа странските служби на Груевски? (08.06.2016)

Година и половина по избивањето на политичката криза во Македонија, „странските служби“ исчезнаа од говорот на Груевски. Во ниту еден јавен настап подоцна (а, ги имаше многу), никогаш експлицитно веќе не се спомнаа деталите кои ги изнесе порнешниот премиер на последниот ден од минатогодишниот јануари

 

Принципот на неказнивост и натаму трае (28.05.2016)

Деновите пред нас ќе покажат дали оваа нова одлука на Иванов ќе има ефект. Првичните реакции потврдуваат дека ситуацијата ќе остане иста, а тоа значи дека протестите ќе продолжат, а СДСМ ќе бара целосно поништување на аболицијата. Како и да е, како што тврди професорката Гордана Силјановска, да се случеше ова на почетокот немаше дражавата да претрпи толкава штета

 

 

Груевски не сака да ги види доказите на СЈО за „Космос“ (25.04.2016)

Имајќи го предвид сето ова може да се заклучи дека изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во двата сегмента: СЈО стана институција под целосна контрола на СДСМ, се со цел рушење на неговиот углед и угледот на водството на партијата; Специјалното обвинителство не приложило ниту еден минимален правен доказ, е невистинита.

 

Забраната за електронска објава на избирачкиот список со редица контроверзии (06.04.2016)

За да се постигне усогласување со начелата за заштита на личните податоци, доволна мерка на заштита би била секој граѓанин да може да пристапи до избирачкиот список со лозинка која самиот ќе ја креира, но и да се обезбеди анонимизација на дел од податоците (број, влез, стан) кои се јавно достапни со пребарување на име и презиме

 

Јанева нема обврска да се појави во Собранието, туку само да поднесе Извештај (22.03.2016)

Од ова може да се заклучи дека изјавата на пратеникот Влатко Ѓорчев, во која вели: бегањето ( на Јанева н.з.) од Собранието е бегање од себе и од обврската да поднесе Извештај“,  е невистинита.

 

Значењето и влијанието на граѓанскиот сектор не се мери со масовност (17.03.2016)

Имајќи ја предвид оваа анализа  може да се заклучи дека  изјавата на Мирчев: „кога има странски извори сигурно даваат и некои директиви на што да работат, до што да дојдат како заклучок граѓанските здруженија  или невладините организации, кои немаат никакво членство, а излегуваат во име на граѓанскиот сектор“,  во најмала рака е недоследна

 

Даниела Рангелова: Три невистини во една изјава (029.02.2016)

Во државата се знеа кој апси. Тоа во никој случај не е СДСМ. Ниту, пак, Катица Јанева. По налог на Обвинителството се доставува предлог за приведување по кој се постапува. Тоа што министерот за внатрешни работи е од редовите на СДСМ, не значи дека „апси партијата“.

 

„Бомбите“ открија: Решение за името се барало постојано и редица компромиси биле на маса (28.01.2016)

„Бомбата“ на опозицијата, која се однесува на преговорите за името е многу малку анализирана јавно и во медиумите. А, тоа најверојатно ќе остане така и во иднина зашто ретко кој сака јавно да зборува на оваа тема. Но, и самите прислушувани разговори нудат доволно информации барем да се насети што сè правело македонското раководство на овој план

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција