Изграден е нов скејт-парк на кејот на Вардар

Идејата за скејт-парк била добиена уште во 2012 година на владиниот ден на идеи, по што Груевски му сигнализирал на Трајановски да се прави ваков проект Фото: Принтскрин

 

Со изградба на скејт-парк на територијата на град Скопје ќе се реализира дамнешната желба на многу љубители на овие нови спортови, кои се во сè поголема експанзија во светот, како по масовноста така и по атрактивноста. Скејт-паркот би бил изграден според сите меѓународни стандарди и норми, а жителите на Скопје ќе добијат свое катче според најсовремени текови за спорт и за рекреација. (Рок: 2014 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот : СКЕЈТ-ПАРК ВО СКОПЈЕ, е  исполнето  ветување на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кое тој го даде  во Изборната програма ( Спорт, стр.57) со којашто излезе на локалните избори во 2013 година.

Скејт-паркот  се наоѓа на кејот на реката Вардар и беше отворен пред две години – во јули 2014 година. На официјалниот настан организиран по тој повод Трајановски, истакна дека овој скејт-парк е првиот од ваков тип во Македонија и дека тој е целосно финансиран од страна на Град Скопје.

Паркот е изграден според сите стандарди, неговите димензии се 15 метри во ширина, 50 метри во должина. Во паркот има девет справи и локацијата е оградена со ограда во задоволителна висина, рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека „заинтересираноста кај зависниците од адреналински спортови е голема и за нивна поголема активност поставени се и рефлектори кои ќе им овозможат скејтање и во вечерните часови“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а во тој период и премиер, Никола Груевски, кој присуствуваше на свеченото отворање, тогаш  рече дека  идејата за изградба на скејт-парк во Скопје е  добиена уште во 2012 година на владиниот ден на идеи.

Пред околу две години, некаде во 2012 година на Ден на идеи пристигна една личност која што даде идеја за изградба на еден ваков скејт-парк и образложи зошто е сето тоа потребно, дека многу луѓе го користат и дека во Република Македонија нема соодветен согласно стандарди и димензии кои се меѓународно утврдени. Се обратив до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, до Агенцијата за спорт и млади и еве проектот е реализиран, истакна премиерот Никола Груевски

 

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција