Изграден е потпорен ѕид во Турското Маало во Струмица

Градоначалникот Јаневски со жителите на Турското Маало Фото: strumica.gov.mk

 

Ветување: Да изградиме потпорен ѕид во Турското Маало во должина од 25 м

[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.41) , датум: октомври 2017]

  

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски дека во Турското Маало ќе биде изграден потпорен ѕид, дадено  за локалните избори (октомври 2017 година),  е исполнето. Проектот е дел од неговата предизборна програма насловена како: „Живот во Струмица за сите“ во делот „МЕСНИ ПРОЕКТИ“, (стр.41).

На 26 април 2018 година дел од медиумите информираа за посетата на градоначалникот Јаневски на Турското Маало и притоа меѓу направените градежни зафати во овој дел од Струмица, се споменува и потпорниот ѕид. Во веста е пренесена и изјава на Јаневски во која тој, меѓу другото,  вели:

Во рамките на бетонските активности се изведоа двата крака на улицата „Братство“ со еден солиден потпорен ѕид помеѓу нив во должина од 80, 30 и 90 метри, тоа е една солидна инвестиција која што ќе го подобри квалитетот на животот на овие луѓе

Информација и фотографии  дека е изграден потпорниот ѕид во Турското Маало се објавени и на веб-страницата на Општина Струмица.

Дека е направен овој потпорен ѕид говори и  и градоначалникот на Струмица, Јаневски во неодамнешното интервју за „Вистиномер“, објавено на 24.04.2018 година.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција