Изграден гасоводот Клечовце – Штип

Гасоводот во поголем дел се финансираше од вратениот руски клириншки долг и го градеше руска компанија.

 

Делницата од Клечовце Блок станица 5 (Штипско) ќе се реализира во согласност со Законот за реализација на инфраструктурен проект за изградба на магистрален гасовод, Делница „Клечовце – Блок станица 5“ (Штипско) кој  беше  донесен  во  врз  основа  на  Спогодбата  меѓу  Владата  на  Република  Македонија  и  Владата  на  Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР. Во тек е постапка за склучување на договор по кој се очекува да почне изградбата.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во својата изборна програма „Проверено“ со која ја побара довербата на граѓаните на парламентарните избори во 2014 година, во делот „Гасификација на Република Македонија“ на страница 132,  партијата ВМРО-ДПМНЕ вети изградба на магистрален гасовод Клечовце – Штип, без да наведе рок во кој тоа ќе се реализира.

Со оглед на утврденото при истражувањето на оваа тема, може да се каже дека ова ветување е исполнето.

Изградбата на гасоводот е почната на 14 март 2015 година. Станува збор за приклучок од гасоводот Крива Паланка – Скопје, со која почнува изградбата на националниот гасовод. На веб-страницата на Министарството за финансии е пренесена информација од МИА во која, меѓу другото, се вели:

Првиот дел од гасоводот во должина од 61 километар ќе го гради руската компанија „Стројтрансгас“. Вредноста на инвестицијата изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.

Во декември 2015 година во медиумите имаше информација дека изградбата на гасоводот Клечовце – Штип се одвива бргу, при што беше најавено  дека гасоводот ќе биде готов во јуни годинава и дека  првите количества гас ќе протечат месецов или во септември.

Во мај 2016 година  медиумите информираа  дека гасоводот е веќе изграден, а во тек се финалните работи,  како и тоа дека  се прават технички контроли и треба да се избере фирма што ќе направи технички прием. Исто така, беше најавено дека првите количества гас најверојатно ќе протечат во текот на овој месец, а првите корисници на гасот ќе бидат штипски компании.

Уште една потврда дека гасоводот е готов имаме на 8 јуни. Читаме и дека се вршат последни мерења и се склучуваат договори со корисниците.

Гасовод  Клечовце – Штип е целосно завршен. Во моментов се вршат последните проверки и испитувања и течат преговорите за приклучок на гасоводот.  Се очекува  до крајот на годинава гасоводот да ги добие првите потрошувачи.

Според утврденото, може да се каже дека  ветувањето за изградба на гасоводот Клечовце – Штип, иако не беше со дефиниран рок, е исполнето.

 

ИЗВОРИ

  • Проверено“ – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2014-2016 (стр. 132) [Пристапено: 29.06.2016]
  • Вест од МИА на веб-сајтот на Министерство за финансии – Почна изградбата на гасоводот Клечовце – Штип (14.03.2015) [Пристапено: 29.06.2016]
  • Телеграф.мк – ГРАДЕЖЕН ПОДВИГ: Ја поместија и Брегалница за да го постават гасоводот Клечовце-Штип (ФОТО/РЕПОРТАЖА) (26.12.2015) [Пристапено: 29.06.2016]
  • Дневник – Штипски компании од јуни ќе работат на природен гас (02.05.2016) [Пристапено: 29.06.2016]
  • Сител – Потпишан договорот со конзорциум македонски фирми за изградба на гасоводот Штип – Неготино (08.06.2015) [Пристапено: 29.06.2016]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција