Изграден пешачкиот мост меѓу Хиподром и Инџиково

Пешачкиот натпатник на влезот и излезот на Скопје, меѓу населбите Хиподром и Инџиково, e долг 63 метри a широк 5,4 метри. Фото: Принтскрин

Изградба на пешачки мост над булеварот „Александар Македонски“ за поврзување на населбата Хиподром со населбата „Методија Андонов – Ченто“, во соработка со Општина Гази Баба. (Рок: 2013-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова е исполнето  ветување, дадено  во Изборна програма (стр.57) на градоналникот на Скопје, Коце Трајановски, а истиот проект го има и во Изборната програма (стр.70) на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Печашкиот мост,  што ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково, беше  изграден и пуштен во употреба на крајот на минатата година (2015).

Изградбата на овој надвозник преку автопатот  Скопје – Петровец, започна во март 2015 година. Трајановски  го означи почетокот на градежните работи, а на поставувањето камен- темелник присуствуваа и градоначалникот  на Гази Баба, Тони Трајковски, општински и градски советници, како и граѓани од околните места.

Градот Скопје на оваа локација сега ќе изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби, изјави  Трајановски.

Тогаш, исто така, беше соопштено дека натпатникот ќе биде долг 63 метри, широк 5,4 метри, додека површината за движење ќе биде широка 3,1 метри.

По неговата должина ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. На двете страни од оградата ќе се постават две електронски информативни табли и натпатникот ќе биде осветлен со 12 канделабри. За реализацијата на овој проект се предвидени финансии во висина од 38 милиони денари. Изготвувач на техничката документација е „Давос инвест“, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“, која треба истите да ги комплетира во рок од 9 месеци.

Новиот пешачки надвозник на влезот и излезот на Скопје, меѓу населбите Хиподром и Инџиково, беше  пуштен во употреба на 08.12.2015 година. На официјалното пуштање во употреба  присуствуваа градоначалникот, Трајановски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, градоначалникот на Гази Баба,  Трајковски, пратеници во Собранието на Република Македонија, членови на советите на Град Скопје и Општина Гази Баба, како и жители на двете населени места. Трајановски и во оваа пригода повтори дека:

За изградба на новиот натпатник меѓу населбите Хиподром и Инџиково Градот Скопје потроши околу 38 милиони денари…

Мостот кај Хиподром се споменува меѓу реализираните проекти на градоначалник Трајановски  во неговиот Отчет (стр.11) за минатата година (2015), каде за овој проект, меѓу другото,  е напишано:

Градот Скопје изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рам- пи, кој овозможува безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби. За изградба на овој натпатник Градот Скопје вложи околу 38 милиони денари.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од:  Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција