Изграден резервоарот за вода во село Сиричино

Фото: Веб-страница на Влада на РМ

 

Проект: Изградба на резервоар за вода во село Сиричино.

Изградба на резервоар за вода во село Сиричино со капацитет од 300 кубни метри, со што ќе се обезбеди квалитетно снабдување со вода за жителите. Средствата за реализација на овој проект во износ од 4,3 милиони денари ќе се обезбедат од Општината и од Владата на Република Македонија. ( Рок 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на резервоар за вода во село Сиричино е исполнето. Ова ветување е дел од предизборната програма (стр.35) за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ (2013-2017) на актуелниот градоначалник на Општина Јегуновце, Тони Коцески.

Изградбата на резервоарот Коцески ја најави и во неговата предизборна кампања на 17.03.2013 година, за време на неговата средба со жителите на Жилче.

Во наредниот мандат значаен дел од програмата се развојни прокети од областа на инфраструктурата. Се предвидува изградба на спортска сала во Јегуновце, резервоар за вода во Сиричино и други слични проекти.

Резервоарот беше пуштен во употреба на 16.11.2013 година, а веста ја пренесоа неколку медиуми.

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на резервоарот за вода со капацитет од 300 метри кубни во близина на селото Сиричино, општина Јегуновце, со кој ќе се надмине проблемот со водоснабдување на повеќе населени места во општината, објави Лидер.

Веста беше објавена и на официјалната веб – страница на Владата на Рапублика Македонија.

Градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцевски истакна дека резервоарот за вода во Сиричино е составен дел од регионалниот водоснабдителен систем за 11 населени места во општината во чиј склоп влегуваат бунар од 42 литри во секунда, вкопан и висински резервоар секој од по 300 метри кубни, пумпна станица и сопствена трафостаница за неа, како и примарна водоснабдителна мрежа од 17,2 километри.

Имајќи го предвид горенаведеното, може да се заклучи дека ветувањето на Коцески за изградба на резервоар за вода во Сиричино е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција