Изградена е детската градинка во с. Зрновци

 

ВЕТУВАЊЕ: Проект: Изградба на детска градинка во с. Зрновци. Опис на проектот: Децата заслужуваат соодветна грижа и заштита. Со ова ќе се осигури процесот на социјализација неопходен за правилен раст и развој. Капиталните инвестиции во детски градинки претставуваат инвестиции во сигурна иднина за најмладите генерации. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок за реализација: 2013 година.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на детска градинка во с. Зрновци е исполнето ветување на градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков. Проектот е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните 2013-2017 година „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Зрновци!“ (стр.51).

Иако според ветеното, градинката требалo да биде готова до 2013 година, медиумите дури во јули 2016 година објавија информација дека ќе се гради градинката во с. Зрновци.

Општина Зрновци и Минитерството за труд и социјална политика потпишаа договор за изградба на нова детска градинка во ова населено место. Градинката ќе биде од особена важност сза жителите на оваа општина, бидејќи ваков објект во општината нема, а најодалечениот е десетина километри во Кочани, објави Нетпрес.

На 25.11.2016 година, весникот Вечер информира дека почнала изградбата на градинката во с. Зрновци.

Изградбата е од особена важност за жителите од оваа рурална општина бидејќи ваков објект нема во општината, а најодалечената детска градинка е десетина километри во Кочани. Градинката ќе ја користат жителите на трите населени места Зрновци, Мородвис и Видовиште.

На 02.03.2017 година, порталот Курир, пренесувајќи изјава на градоначалникот Станков, објави дека градинката ќе биде готова до мај истата година.

Според Станков, градинката се очекува да биде готова до крајот на мај. Опремата, што ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, веќе е обезбедена.

На 05.05.2017 година, весникот Вечер, објави дека градинката ќе биде готова до јуни.

Според Станков, градинката се очекува да биде готова до крајот на јуни. Опремата која ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика веќе е обезбедена и пристигната, што укажува на брзата изградба на градинката во Зрновци. Паралелно со овие активности се оградува кругот околу градинката и се уредуваат зелените површини.

На 05.07.2017 година порталот А1 он информира дека градинката е готова и дека Oпштината доставила барање до Министерството за труд и социјална политика за добивање употребна дозвола по што се очекува одобрение од Министерството за труд и социјална политика за да почне со работа.

Преставници од Општина Зрновци денеска извршија технички прием на објектот и опремата на новоизградената градинка лоцирана на влезот во населбата, на магистралниот пат Зрновци – Кочани.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Станков за изградба на детска градинка во с. Зрновци е исполнето ветување со задоцнување.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *