Изградена е нова зграда на ОУ „Григор Прличев“ во Железара

Од официјалното пуштање во употреба на новиот објект на ОУ „Григор Прличев“ во Железара, Фото: Скриншот

Изградба на нова зграда на ОУ „Григор Прличев“. (Вредност: 91 милион денари. Рок: 2014 година).

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Изградбата на ново основно училиште во населбата Железара е најавенa во изборната програма на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за локалните избори 2013-2017 година (во делот посветен на образованието и науката), и ова ветување е исполнето.

Овој проект  Трајковски го најави на 07. февруари 2013 година, за време на промоцијата на неговата изборна програма за локалните избори.

Како врвен приоритет за наредните четири години ги планираме изградбите на новите основни училишта „Григор Прличев“ во Железара и „Вера Јоциќ“ во Хиподром и почнување со изградба на трето основно училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто. Ќе продолжиме со изградба на нови градинки во руралните средини. Ќе изградиме нова детска градинка во Стајковци, која ќе ги опслужува жителите од Стајковци до Раштак, рече Трајковски. [Пристапено: 04.03.2016]

Набрзо по стапувањето на функција, градоначалник на Гази Баба, Трајковски на прес-конференција одржана на 08.04.2013 најави дел од проектите чијашто реализција ќе започне веднаш.

Градоначалникот Тони Трајковски денеска на прес-конференција најави потпишување на договор со Светска банка за изградба на основното училиште „Глигор Прличев“ во вредност од 91 милион денари … [Пристапено: 04.03.2016]

На 26.10.2013 година беше поставен камен-темелник за изградба на новото училиште во Железара.

Градоначалникот Трајковски нагласи дека новата училишна зграда е од голема важност затоа што последното училиште е изградено во 1963 година од материјал за времена градба и до денеска функционира во такви услови. [Пристапено: 04.03.2016]

На 27.05.2015 година, беше пуштена во употреба новата зграда на училиштето.

Вкупната инвестиција изнесува 72.445.000 денари.Работите ги изведуваше фирмата Жикол, кои максимално професионално и во рамките на предвидениот рок за изградба успеаа да го изградат училиштето. [Пристапено: 04.03.2016]

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ова ветување на градоначалникот Тони Трајковски е исполнето, со забелешка дека проектот е реализиран со задоцнување од неколку месеци.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција