Изградена нова градинка во Јурумлери

vmro-dpmne-logo

Проект: Изградба на нова детска градинка во населбата Јурумлери со поддршка од Владата на Република Македонија, со што ќе се овозможи поголем капацитет за сместување на децата во предучилишни установи, при што ќе ја подигнеме нивната ресоцијализација на повисоко ниво. (Рок: 2013 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Јурумлери е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, дадено во неговата предизборна програма за локалните избори во 2013 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.64).

На 23.10.2013 година, медиумите објавија  дека ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка во населеното место Нова Колонија, поточно во Јурумлери.

Министерот за труд и социјална политка, Диме Спасов и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска свечено ќе ја пуштат во употреба новата Јавна општинска установа за деца-детска градинка „Морковче“, јави порталот А1 он.

Дел од медиумите го пренесоа овој настан.

Груевски информира дека Владата, заедно со Општина Гази Баба се инвестирани 28 милиони денари, за градинката која ќе згрижува околу 80 деца, од Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Гоце Делчев, Трубарево, Ергеле и околните насленеи места, јави порталот Лидер.

На 29.11.2013 година, како што информира Прес 24, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски дал отчет за сработеното таа година. Во Отчетот тој ја спомнува и градинката Морковче.

На почетокот сакам да потенцирам два капитални проекти кои ги реализиравме на територија на општина Гази Баба, а кои се градат после голем временски период односно, после 28 години во општина Гази Баба се изгради нова детска градинка „Морковче“, каде децата веќе се згрижуваат.

Новата градинка во Јурумлери како реализиран проект ја има и во Отчетот на Трајковски за сработеното во мандатот 2013-2017 година. На 57 – та страницатаа во Отчетот има и фотографии од градинката Морковче.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Трајковски за изградба на нова детска градинка во населбата Јурумлери е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *