Изградена спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче

ОУ „Гоце Делчев“ во Лисиче доби нова спортска сала во ноември 2013 години , по речиси 90 години постоење. Фото: Принтскрин

Заради поттикнување правилен психофизички развој и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите и кај возрасните, во соработка со централната власт, ќе изградиме нова спортска сала во рамките на ОУ „Гоце Делчев“.  (Рок: декември 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Спортската сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче е изградена и пуштена во употреба во ноември 2013 година. Ова ветување дадено во Изборната програма на  градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Образование и наука, стр. 19) е исполнето во соработка со централната власт.

Изградбата на спортската сала во ОУ „ Гоце Делчев“ во населбата Горно Лиисче започна во јули 2011 година (во претходниот мандат на Коневски). Тогаш беше кажано дека  „сортскиот објект ќе се гради на површина од 620 квадратни метри и ќе биде висок 7,6 метри, ќе има реквизити за разновидни спортови и ќе биде опремен со тушеви, тоалети, женска и машка гардероба, повеќенаменски простории и две наставнички канцеларии“,  како и дека салата „ќе биде готова до почетокот на новата учебна година (2011-2012)“.

Сепак, ваквите прогнози не се оставрија , спортската сала беше изградена две години подоцна. На 22 ноември 2013 година медиумите информираа дека основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Горно Лисиче првпат по 90-на години постоење доби спортска сала и современи услови за настава по физичко образование.

Изградена е на 650 метри квадратни и опремена со реквизити за разновидни спортови (ракомет, мал фудбал, кошарка, гимнастика, пинг-понг). Во неа се вложени околу 23 милиони денари, обезбедени од државниот буџет и од Банката за развој при Советот на Европа. Таа е дел од проектот на Владата за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија.

На свеченоста организирана по тој повод, тогашниот  премиер Никола Груевски рече дека „генерации ученици во тоа училиште часовите по физичко ги имале надвор и во несоодветни услови“.

Денес веќе не е така. Новите генерации ќе растат во поинакви околности. Разновидноста на спортската опрема ќе овоможи целокупен физички развој на учениците, со високи стандарди на квалитет. Нема повеќе импровизација, сега учениците и наставниците имаат модерна спортска сала. Посакувам што повеќе да се градат млади спортски таленти, со надеж дека еден ден некој ученик овде ќе израсне во врвен спортист кој ќе ги брани

Спортската сала  во ОУ „Гоце Делчев“ во Ново Лисиче се споменува и во Отчетот на Коневски за 2013 година (стр.22), каде, меѓу другото, е напишано:

Жителите на Горно Лисиче денеска до­бија нова спортска сала која претставува уште еден проект посветен на децата, на младите и на спортистите во Општина Аеродром, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на 22.11.2013 година, кога офици­јално беше пуштена во употреба новата спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Градоначалникот Коневски додаде дека со изградбата на повеќенаменската спортска сала на учениците во Горно Лисиче им се овоз­можија услови за квалитетни тренинзи, со до­ волно спортска опрема, справи и реквизити. На официјалното пуштање во употреба на спортската сала присуствуваше и претсе­ дателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. 

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од:  Оливера Војновска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција