Изградена улицата „Анастас Митрев 3“ во Мичурин

Во јуни 2015 г. градоначалникот Коневски и министерот Мисајловски, официјално ја пуштија во употреба новоизградената улица Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на новопроектирана улица Анастас Митрев 3 ( Мичурин)

Опис на проектот: Изградбата опфаќа изведба на градежен дел, асфалти – рање на улицата со изградба на тротоари. (Средства: 11.000.000 денари Извор на финансирање: Општина Аеродром Рок: 2016-2017 година)

 

ОРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новопроектираната улица Анастас Митрев 3 ( Мичурин) е изградена и пуштена во употреба во јуни 2015 година.  Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Аеродром  Ивица Коневски, дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Транспорт и патна инфраструктура, стр. 56).

Изградбата на новата улица  која  ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“, започна  во почетокот на април 2015 година, а стартот на работите го   означија градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски. Медиумите информираа дека  „вкупната должина на новата улица ќе биде околу 200 метри, а широчината 6 метри, согласно Деталниот урбанистички план.“

Покрај новата улица ќе се изградат и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улицата, како и нови линии за јавно осветлување. За овој проект Општина Аеродром ќе издвои над 5 милиони денари од својот Буџет.

На 24 јуни 2015 година градоначалникот на Општина Аеродром,  Коневски, заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, официјално ја пушти во употреба новата улица во најстарата населба во Општина Аеродром, Мичурин. Градоначалникот Конески  тогаш, меѓу другото, рече дека:

Проектот опфати изградба на новата улица „Атанас Митрев 3“ со целосно нова инфраструктура, улица која ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и “Петар Ацев“.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција