Изградено повеќенаменско игралиште во село Истибања

Повеќенаменско игралиште во с.Истибања Фото: Официјална Фејсбук-страна на градоначалникот на Виница

 Довршување на повеќенаменското игралиште во село Истибања. (Рок: септември 2014 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на повеќенаменско игралиште во село Истибања е реализиран проект на градоначалникот на Виница, Емил Дончев. Овој проект е содржан во неговата предизборната програма за локалните избори 2013 година  насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Виница!“ , во делот посветен на „Спорт и млади“ (стр.21).

Ова ветување Дончев го дал и за време на предизборната кампања на 07.02.2013 година.

Изградба на комплексот Градски пазар, трговски-деловен центар, мултикултурен центар, повеќенаменско игралиште во село Истибања, нова атмосферска канализација, реконструкција на водоводната мрежа во градот, набавка на две возила за смет, довршување на забавниот парк, промоција на СПА комплексот Топлички рид и истражувања на Виничкото Кале, се проектите за кои ќе се залага кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Виница Емил Дончев, јави А1он.

Игралиштето беше пуштено во употреба на 18.10.2014 година, а веста ја пренесоа повеќе медиуми.

Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасески и градоначалникот на општина Виница Емил Димитровски денеска пуштија во употреба повеќенаменско спортско игралиште во населеното место Истибања, кое е во склоп на ОУ „Гоце Делчев“, информира Лидер.

Информацијата беше објавена и на официјалната страна на Агенцијата за млади и спорт.

Денес, Премиерот Никола Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески пуштија во употреба две повеќенаменски игралишта, најпрвин во Истибања, Виница заедно со градоначалникот на општина Виница Емил Дончев го пуштија во употреба повеќенаменско спортско игралиште кое е во склоп на ОУ „Гоце Делчев“.

Пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во селото Истибања беше забележано и на официјалната Фејсбук страна на градоначалникот на Виница.

Игралиштето е наменето за играње фудбал, ракомет, кошарка, опремено е со рефлектори, а вкупната инвестиција во истото е 7 милиони денари.

Градоначалникот Дончев се пофали со овој проeкт и во неговиот отчет за сработеното до 2016 година, даден на 02.02.2017 година.

Во учебната 2015/2016 година, Виница доби уште еден нов професионален терен за љубителите и фановите на тенисот во кругот на ОУ „Гоце Делчев“, инвестиција на Агенцијата за млади и спорт со поддршка на Владата и локалната самоуправа, а е изградено и повеќенаменско изгралиште во село Истибање.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека, ветувањето на градоначалникот на Виница Емил Дончев, за довршување на повеќенаменското игралиште во село Истибања, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција