Излези Жерновски право на тераса!

LDPlogo-1

 

Во емисијата Топ Тема на телевизија Телма ( септември 2015 година)  градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, зборувајќи за терасата на новиот објект на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ,  меѓу другото, изјави:

Не се работи за настрешница, туку се работи за балкон. Се работи за градба којашто е илегална и прашање на време е кога ќе биде издадено решение за уривање на тој дел  којшто е дивоградба.

[ Извор: Телма (од 0 до 0,14 минута од видеото) Датум: 25.09.2015]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во споменатото интервју Жерновски  рече дека  и втората контрола на Општина Центар покажала дека балконот од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје е нелегален и  дека Општината наскоро ќе се донесе одлука да се урне тој дел од  објектот .  Во изминатиот период  Жерновски повеќе пати најави уривање на спорниот дел од грабата, но сепак, тоа досега  (31.03.2016) не се случи. Така што, оваа негова изјава ја оценуваме како недоследна.

Уривање на терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски првпат најави во јули минатата година (2015), две недели откако инспекциската контрола на Општината констатира дека:

објектот нема дозвола, иако еден дел од него е пуштен во функција, како и дека терасата е дивоградба.

Градоначалникот Жерновски тогаш изјави дека:

ќе испрати писмо до Град Скопје и до Државниот градежен инспекторат со кое ги повикува, заедно со инспекторите од Општина Центар да излезат на терен и уште еднаш да ја констатираат состојбата. Доколку не одговорат на писмото, тогаш општината сама ќе интервенира.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинувањата за новата партиска зграда, ги оцени како „гола провокација“, додека од град Скопје рекоа дека обвинувањата од Општина Центар се „неосновани и паушални“.

Во ноември 2015 година Општина Центар ѝ даде 30 дневен рок на ВМРО-ДПМНЕ да ја урне „нелегално изградената тераса на седиштето на партијата“, а во спротивно, ќе побараат полициска асистенција и тие ќе го направат тоа.

Еден месец подоцна Жерновски повторно најави уривање на тераста. На 24.12.2015 тој на прес-конференција соопшти  дека Законите во Општина Центар ќе се применуваат

и дека „терасата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба и дека ќе се урива“.

Завчера добивме документ од Министерството за транспорт и врски, од кој се гледа дека второстепената комисија ја уважила жалбата да ГП Бетон само за да го спречи она што го најавивме. Ќе почекаме ова да заврши, но ве уверувам дека докрај ќе ја истераме одлуката.Во Општина Центар Законот ќе се почитува и ќе уриваме се што е дивоградба. Бевме доволно конструктивни за таму да нема сцени за уривање, дадовме рок, но ако така сака градежното претпријатие и ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе го примениме законот до крај (Жерновски).

На 13.01.2016, презентирајќи го Отчетот за 2015 година, Жерновски  кажа дека ќе ја извојува битката и ќе го спроведе Законот. Меѓутоа,  не прецизираше кога точно ќе ја урива „нелегално изградената тераса на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“.

Одлуката за уривање на дивоградбата на новата зграда на партијата ‘ВМРО – ДПМНЕ’ е донесена и конечна, но датумот сега не можам да го соопштам, бидејќи за ова е потребна асистенција од МВР и има најава за собирање на симпатизери на партијата“. (Жерновски) 

Оттогаш поминаа повеќе од два месеца, но  Жерновски сè уште не го соопшти датумот за уривање на балконот на новиот објект на ВМРО-ДПМНЕ, за кој тврди дека е дивоградба.

Имајќи го предвид сето ова, неговата изјава ја сметаме за  недоследна

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *