Јанева нема обврска да се појави во Собранието, туку само да поднесе Извештај

Фото: Скриншот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на прес-конференцијата на 21.03.2016 година изјави:

Нема причина да се плаши (Катица Јанева н.з.) и да не доаѓа во Собранието ако сите нејзини постапки се законски и се темелат на факти и докази.

Бегањето од Собранието е бегање од себе и од обврската да поднесе Извештај.

[Извор: Веб-страница на ВМРО-ДПМНЕДатум: 21.03.2016 ]

ОБРАЗЗЛОЖЕНИЕ:

Ваквата изјава на пратеникот Влатко Ѓорчев е  паушална и тенденциозна.

На 15.07.2015 година лидерите на четирите поголеми партии, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА) го потпишаа  Договоророт за излез од политичката криза (Договорот од Пржино), во која земјата се втурна по објавувањето (09.02.2015) на аферата со прилсушувањето.

Во Договорт од Прижино, меѓу другото, е наведено:

Најдоцна до 15 септември 2015, ќе биде назначен нов, специјален јавен обвинител со целосна автономија да ја води истрагата во врска со случаите на следењето на комуникациите. Специјалниот јавен обвинител ќе биде именуван во согласност на сите политички партии кои го потпишуваат овој договор.

На 15.09.2015 година Собранието го изгласа Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.( Според опозицијата, незаконски биле прислушувани над 20. 000 лица функционери, политичари и од власта и од опозицијата, новинари, членови на ИВЗ, синодот на МПЦ, освен, Никола Груевски и Сашо Мијалков).

Во членот 7 став 2 од овој Закон е напишано:

Јавниот Обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи  и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот Обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според Јавниот Обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците.

Како што пишуваа  медиумите Јанева на 15.03.2016, го достави Извештајот за сработеното до Собранието и Советот на обвинители

Постапувајќи согласно членот 7 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јавниот обвинител кој раководи со ова Јавно обвинителство – Катица Јанева денеска до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.09.2015 до 15.03.2016).

Јанева според Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, нема обврска да се појави во Собранието , туку само да поднесе Извештај, што е сторено.

Од ова може да се заклучи дека изјавата на пратеникот Влатко Ѓорчев, во која вели: бегањето ( на Јанева н.з.) од Собранието е бегање од себе и од обврската да поднесе Извештај“,  е невистинита.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција