Каматата на кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија сè уште е 5,5 отсто

Фото: pixabay.com

 

Ќе овозможиме намалување на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ од сегашните 5,5% на 3% годишно. Во моментните услови на пазарот, каматна стапка од 5,5% не може да се третира како поддршка.

[Извор: Програма на СДСМ за предверемените парламентарни избори во 2016 г. „План за живот во Македонија (стр. 209), датум: ноември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ вети дека во првите шест месеци од мандатот ќе овозможи намалување на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ (Европска инвестициона банка) од сегашните 5,5% на 3% годишно.  Ова изборно ветување на социјалдемократите досега (07.06.2018 г.)  не е исполнето.

Споменатото ветување на СДСМ е дадено во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , во  Планот 180 – итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци“,  во делот „Нови работни места повеќе пари кај граѓаните поддршка за домашните фирми ( стр. 209).  Што значи, според рокот за реализација наведен во програмата (првите шест месеци од мандатот),  намалувањето на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ  од 5,5 на три отсто годишно, требаше да биде направено најдоцна до крајот на ноември 2017 година – со оглед на тоа што новата Влада на премиерот Зоран Заев беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак, наспроти ваквите планови досега (07.062018), иако се поминати повеќе од една година од формирањето на Владата, тоа не се случи.

Како што може да се види на веб-страницата на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) преку која оди оваа кредитна линија за мали и средни претпријатија, како и на интернет страниците на неколку банки ( Комерцијална банка, Охридска банка, Прокредит банка, ТТК банка, Халк банка, Стопанска банка – Битола ), кај кои заинтересираните може да поднесат барање, каматната стапка за овие кредити не е променета, односно сѐ уште е 5,5 отсто.

Каматни стапки за кредити од ЕИБ реализирани преку МБПР, наменети за кредитирање мали и средни претпријатија Фото:Принтскрин колаж
Каматни стапки за кредити од ЕИБ реализирани преку МБПР, наменети за кредитирање мали и средни претпријатија
Фото:Принтскрин колаж

 

Имајќи предвид дека рокот за реализација на ветувањето ( крајот на ноември 2017 г.) е поминат, а досега (07.06.2018) каматата  за кредитите од ЕИБ преку МБПР не е намалена на три отсто, го оценуваме како неисполнето.

  

ИЗВОРИ:

 

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција