Капиштец доби парк од 20.000 квадратни метри

Паркот има 12.000 квадратни метри тревна површина Фото: http://opstinacentar.gov.mk

Изградба на плоштад во Капиштец

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новиот парк во Капиштец кој се простира на површина од 20.000 квадратни метри  е отворен во  декември 2014 година. Ова е  исполнето ветување на  градоначалникот  на Општина Центар, Андреј Жерновски  дадено  за локалните избори  во 2013 година, со забелешка дека има  поинаков изглед од проектот наведен во неговата изборната програма „Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“  (стр.5), каде фокусот е ставен на „плоштад во Капиштец“.

 

Фото: Изборна програма на Андреј Жерновски
    Фото: Изборна програма на Андреј Жерновски

 

Во декември 2014 година медиумите информираа дека  е официјално отворен новиот парк во Капиштец, лоциран  меѓу 12 згради и улиците „Васил Ѓоргов“, „Франклин Рузвелт“ и „Народен фронт“. Како што беше соопштено,  паркот го красат 18 зимзелени дрвја, 6 листтопадни цветни дрвја, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, кои цветаат во различни периоди од годината, 104 листопадни грмушки, 430 декоративни зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4010 перени, 20 високи украсни треви, 870 мини-треви и 1450 луковици од лале, зумбул, нарцис и мускари. Тогаш беше пренесена и изјава на градоначалникот Жерновски во која вели:

Ова е најубавиот парк, не само во Центар и во Скопје, туку и во цела Македонија. Во личната карта на паркот стои дека е на 20000 м2, од кои 12000 м2 се тревна површина, најголемиот природен зелен килим во Центар. Има две детски игралишта за деца од различни возрасти и кошаркарски игралишта за соодветна подлога за таков вид на спорт ( Жерновски)

Информација за тоа дека е отворен новиот парк во Капиштец има и на веб-страницата на Општина Центар.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција