Карпош не доби локална гасоводна мрежа за 8.000 домаќинства

Причините можеби и не се кај него, но ветувањето сепак е дадено. Фото: Од насловната на предизборната програма

Ветувањето за изградба на локална гасоводна мрежа преку која 8.000 домаќинsтва ќе се приклучат на oвој енергенс со помош на Општина Карпош, дадено во 2013 година од Стевче Јакимовски, кој потоа повторно беше избран за градоначалник, не е исполнето.

ВЕТУВАЊЕ:  8.000 домаќинства од урбаните средини ќе се приклучат на општинската гасоводна мрежа и обезбедување на услови за намалување на трошоците за енергија во семејниот буџет за 30-40%. (Програма на Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, Рок 2014- 2017)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на локална гасоводна мрежа преку која 8.000 домаќинsтва ќе се приклучат на oвој енергенс со помош на Општина Карпош, дадено во 2013 година од Стевче Јакимовски, кој потоа повторно беше избран за градоначалник, не е исполнето. Ова ветување самиот Јакимовски го сметаше за капитален проект што ќе треба да го реализира во мандатот 2013-2017.

Тој тоа го потврдува во интервју за сајтот „Фактор“ во март 2013 година:

Планот за приклучување кон дистрибутивната мрежа на гас која што ќе биде воспоставена  на територијата на локалната самоуправа, е нашиот капитален проект. Со гасификацијата ќе решиме низа прашања во сферата на затоплувањето, подигнување на економскиот стандард на граѓаните и енергетската ефикасност. Со гас за греење први ќе бидат снабдени населбите Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 и дел од Козле. Приклучувањето на гасоводната мрежа за граѓаните ќе биде бесплатно, и сето тоа ќе биде покриено од Буџетот на Општина Карпош. Со тоа трошоците за затоплување и за електрична енергија по секоја станбена единица ќе паднат до 50%.  Веќе ги подготвуваме проектите за дистрибутивната мрежа, и сме во постапка за добивање на лиценца. Откако ќе ја добиеме таа лиценца,  веднаш започнуваме со инсталирање на гасоводната мрежа.

Една година претходно, во 2012 година, се завршени и други подоготовки. Советот на Општина Карпош, во кој мнозинство имаа светниците од СДСМ, на предлог на градоначалникот Јакимовски носи одлука за формирање на јавно претпријатие за управување со дистрибутивната мрежа и со гасот на територијата на Општината.

Претпријатието „Каргас“, формирано со влог од 5.000 евра дури и имало активности на терен. За намерите за гасификација на Општината сведочат и намерите на тогашната општинска администрација која веќе разговарала со потенцијалните глеми корисници како што се факултетите, студентски домови и слично. Ова го посведочува и тогашниот раководител на секторот за енергетика Љупчо Димов, кој по интернет архивите фигурира и како прв директор на „Каргас

Сепак, после 2013 година, со детално пребарување по интернет, како и на сајтот на Општина Карпош, не може да се најде ниту една вест за спроведени планови, за спроведена локална гасификација во Карпош. Тоа е така затоа што не се спроведе ниту гасификација на Скопје, ветувана и од градоначалникот Коце Трајановски и од Владата на РМ, а како што може да се види од интервјуто со Љупчо Димов, планот предвидувал гасот да се добавува од ГАМА, претпријатието што е одговорно за дистрибуција на природниот гас во Република Македонија.

Според методологијата на Вистиномер, сепак, ветувањето за овој капитален проект за мандатот 2013-2017, е оценето како несиполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција