Катастарските услуги се намалени до 90 отсто

Фото: google.mk/maps -Принтскрин

 

Ветување: Ќе направиме интервенција во тарифниците на Агенцијата за катастар на недвижности и цените за услугите ќе бидат намалени до 50 отсто.

[Извор: Програма на СДСМ (2016): „План за живот во Македонија“ (стр.78), датум: ноември 2016 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на СДСМ дадено за парламентарните избори во 2016 година во нивната програма „План за живот во Македонија“ (стр.78), дека ќе ги намали цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности, е исполнето.

СДСМ ова ветување го даде како одговор на реакцијата на граѓаните и инвеститорите дека се соочуваат со потешкотии во решавањето на имотно-правните проблеми и барањата за пониски цени на услугите на Катастарот .

Во август лани министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по одржаната средба со директорот на Катастарот, Борис Тунџев и претставници на Комората на приватни геодети. најави дека ќе бидат намалени цаните на катастарските услуги за 50 отсто.

Во изминатиов период во рамки на редовните средби со граѓаните, како надлежно министерство нотиравме одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат при остварувањето на нивните имотни права и користењето на некои услуги од нашиот ресор, и затоа на моја иницијатива денес остваривме исклучително важна работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности и со Комората на приватни геодет (Сугарески).

Два месеца подоцна, на 16 октомври 2017 година, Управниот одбор на Агенција за катастар и недвижнини на донесе одлука за промена на цените на услугите со назнака дека ќе се применуваат по добивањето согласност од Владата.

Согласноста за новите цени на катастарските услуги, Владата ја даде на 28 ноември (2017) на својата 40 седница, кога беа разгледани промените во три Тарифници на Агенцијата за катастар на недвижнини. Промената на цената на услугите во овие тарифници се движи од 20 до 90 отсто.

Тарифникот за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем каде што цените се намалени за 28 отсто.
– Тарифникот за висината на надоместокот за запишување на инфраструктурните објекти во катастарот на инфраструктурни објекти каде што цените се намалени за 90 отсто.
– Tарифникот за висината на надоместокот за запишување на недвижности кои останале со незапишани права и запишување на промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности. Во овој тарифник цените се намалени за 51 отсто.

Променетите цени на услугите на Катастарот се објавени и во Службен весник на РМ, бр. 179 од 7.12.2017 година.

Информации за тоа дека Катастарот ги намалил цените на услугите можат да се најдат и во медиумите како и на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, но и ако се провери на веб-страницата на Катастарот во одделот регулатива – тарифници.

Имајќи го предвид претходно презентираното може да се заклучи дека ветувањето на СДСМ дадено за време на предверемените парламентарни иабори во 2016 година, дека ќе ги намали цените на катастарските услуги, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.