Каде исчезнаа странските служби на Груевски?

Епопејата на Љубе Бошкоски

МРТ на хартија го обезбеди професионализмот

„Мирисот“ на омраза во говорот на Груевски е опасен за општеството

Зошто и како (ќе се) се засилува хајката против Катица Јанева: ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИТЕ

Иванов залутан меѓу перцепцијата и реалноста: Бројки, надлежности, активности и очекувања

Аудио – ленти, шушљупаковци и милионски провизии!

Истражувачка помија

(Рецензија: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија!) Колку и да е атрактивна за медиумите блиски до политиките на актуелната власт кај нас, оваа информација се појави само во два-три крајно нерелевантни интернет портали. Тоа, од една страна потврдува дека поголем број од медиумите препознале сомнителна содржина, автор и медиуми од каде што е преземена оваа приказна (за мали деца). Како и да е, за да не остане без проверка, следува оваа рецензија…

Рецензија: Заеднички договорено да се остави повеќе простор за подготовка на средбата Јункер – Груевски

„Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите“ Токму овие, главни принципи, утврдени во Преамбулата на новинарскиот Кодекс и на кои треба да се темели новинарската професија, целосно…

Како се дознава кога едно видео било објавено на „Јутјуб“

  Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer“. На прв поглед, „Јутјуб“ не го покажува времето на објавување на видео-клипови. Сепак, точното време може да се пронајде преку апликација која ги вади метаподатоците на виделина.   Пишува: Филип Стојановски, магистер по е-бизнис менаџмент   При објавување на видео-клип на сервисот „Јутјуб“, како јавно достапен податок за времето на објавување во текот на првите 24 часови е наведено само пред колку часа било објавено видеото, а потоа само на кој ден – датум…

Рецензија: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група

  Селективност, селективност, селективност, селективност……       Линк до оригиналниот напис: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група     Датум и време на објавување: 18.02.2015 18:30   Датум на рецензирање: 21.02.2015   Рецензент: Владимир Мирчески     ИЗЈАВА „ИЗРЕЖАНА“ СПОРЕД НЕЧИЈА МЕРКА   Има една поговорка која ја користат соседите, за која баш и нема најсоодветен превод на македонски јазик, а оди вака „Што се баби хтило, то јој се и снило“. Значи, тоа што некому му се…

Рецензии: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска

Претворањето на анонимни „дојави“ останува класика во тоа како овој весник ги наблудува релациите меѓу две најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да останува анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката) ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството. Во текстот…

Рецензија: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

  Секој новинар мора да знае дека основна функција на новинарството е да информира, точно и прецизно. Овој текст покажува дека е пропуштена шанса читателите да бидат информирани точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно. Линк до оригиналниот напис: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја Датум и време на објавување: 18.02.2015, 10:03 Датум на рецензирање: 20.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   ПРОБЛЕМ СО ВИСТИНИТОСТА Овој напис има проблеми и со вистинитоста…

Kоментари и обвинувања кои како да се пишувани од партиски портпарол, не новинар

  [Рецензија: СДСМ спрема насилство, со палки ќе рушат држава (ФОТО)]   Авторот на оваа медиумска содржина пројавил амбиција врз основа на фотографии со сомнително потекло, за кои нема никаков податок од каде се и во каков контекст се снимени, и врз основа на една компилација од изјави, анализи и од новинарски текстови, да ја оправда својата теза во насловот дека опозициската партија со насилство и палки ќе ја руши држвата. Постапката компилација не е непозната и не е нелегитимна.…

Рецензија: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот

    Пример за „новинарство изгубено во времето и во просторот“. Стара информација пласирана како актуелна, наслов изваден од контекст, „тврди“ формулации непоткрепени со аргументи, неколку обоени коментари за дополнување на генералната слика дека станува збор за пристрасно четиво Линк до оригиналниот напис: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот Датум и време на објавување: 16.02.2015 – 13:17 Датум на рецензирање: 18.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ЗБИРЕН БЕКГРАУНД СО „ЖЕЛБА“ ЗА ДНЕВНО-ИНФОРМАТИВНА ДИМЕНЗИЈА В…

Раката и главата горе со „Лице в лице“

Колпортери на списанието „Лице в лице“. Фото: licevlice.mk   Уличното списание „Лице в лице“ е еден од пионерите во развојот на социјалното претприемништво во Македонија и во моментов има околу 40 продавачи што го нудат во Скопје, Неготино, Струга, Охрид и во Битола, а сите тие поминуваат низ едукативна програма во рамките на која се работи на самодовербата и на мотивацијата на продавачите, но и на нивните комуникациски и продажни вештини.   Пишува: Владо Ѓорчев   „Раката горе, испружена, со…

Рецензија: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч

  Веста насловена: „Заев почна да се крие од истрагата за Пуч“ е лажна.  Манирот во кој е напишан и пласиран овој материјал остава впечаток дека не станува збор за некаков ненамерен превид или грешка, туку намерно е објавена дезинформација за да се оцрни лидерот на опозицијата Линк до оригиналниот напис: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч Датум и време на објавување: 18.02.2015, 15:20 Датум на рецензирање: 19.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска   ВЕСТ СКАРАНА СО ВИСТИНАТА Написот врз…

Наместо аналитички коментар, врвен спин

  (Рецензија: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!)   Анализата како потформа на коментарот, дава извесна слобода за изнесување сопствени мислење врз основа на расчленетите факти. Тоа мислење, базирано врз логичките техники, е доста полезно во новинарството, особено кога сакате да одите во „длабочина“ и на тој начин на јавноста да ѝ ги направите нештата – појави, процеси, изјави… – појасни. Но, кога наместо врз факти, се анализира врз извртени факти, тогаш нема друго име за тој тип…