Ако обвинителството и судот продолжат да прогонуваат за објавени фотографии на полицајци на јавно место, тогаш Република Македонија би се претворила во полициска држава во која на медиумите, активистите за човекови права и граѓаните би им било ускратено да ги документираат полициските активности, што е клучно за спречување на полициски злоупотреби и повреди на права
Пишува: Жарко Трајаноски
…
Ако за Караџоски нема ништо страшно што над 860 предмети во Кривичниот суд воопшто не биле распоредени ни преку АКМИ-системот, ако за него не е страшно што рачно се внесувале предмети кај одредени судии без писмено образложение и ако се манипулирало со АКМИ-системот на тој начин што пречесто се вршел прераспоред на судиите, тогаш можеби би можел на јавноста да…
Османи наместо генерално да се обраќа до медиумите и јавноста дека нивното исклучување било клучно за преговорите, нека им се обрати лично на надредените – пред сè, на Ахмети и Груби. Потоа нека ги искара, ако сака, и Зоран Заев и Никола Димитров, па дури потоа нека аргументира со медиумите за јавноста. Негде помеѓу ова, нека ги прочита и…
Две и пол деценискиот спор со Република Грција за името е политички, државен. Владиката Агатангел, се разбира дека може да има став, меѓутоа не може да настапува во име на Македонската православна црква (МПЦ –ОА), а особено не смее да повикува на одбрана на „татковината и на името“ (!), од проста причина што тоа не е црковно прашање. Зачудува и…
Фирмите со воздржана кредитна побарувачка, за граѓаните и натаму потрошувачките и станбените кредити се најатрактивни. Народната банка ја сумираше банкарската 2017 година. Лани, вкупната кредитна изложеност изнесувала 4,8 милијарди евра, пишува анализата на Portalb.mk. Дел од банкарите велат дека со почетокот на 2018 година очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од фирмите и од населението, дел од условите за кредитирање…
Се поправале возила, но нема докази дека тие биле службени, односно на општината. Не се користела електронска евиденција на работното време, градоначалникот не прогласил финансиска нестабилност, иако законски имало услови за тоа, пишува анализата на Portalb.mk. Ова се дел наодите во ревизорскиот извештај за Општина Сарај, една од првите што ги објави Државниот завод за статистика во оваа 2018…
Само за исплата на пензии годинава државата, односно Фондот за пензиско осигурување, ќе одвои 880 милиони евра. Според податоците од Стратегискиот план на фондот 2018-2020 година, оваа сума значително ќе биде во пораст и следните години
Следните три години значајно ќе растат расходите за исплата на пензии, но и бројот на пензионери. Годинава, пензија ќе чекаат 320.300 пензионери.…
Страшните грчки летоци, кои на прв поглед содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, испаднаа мајтап, кој користи намерно изнасилени слогани и цртежи за да привлече внимание и испрати порака. Проблем настана кога медиумите во земјава не проверија за што точно станува збор, а од друга страна, пак, ни авторите на постерите не размислија дали можеби не е…
Фактите, како што е тој за евтината цена на водата во Македонија не беа презентирани. Наместо тоа, се изнаслушавме спинови околу новите цени и тоа од сите страни, поради што од „дрвјата“ не се гледа „шумата“
Пишува: Теофил Блажевски
Еднa од поактуелните теми е зголемувањето на цената на водата во целата држава, како последица на законското решение. Преку…
Дали и кој треба да се пријави како ДДВ обврзник, кои се конфузиите од оваа мерка, што треба да знаете и како треба да постапите
Пишува: Владимир Петрески
Деновиве јавноста беше разбранувана од барањето на Управата за јавни приходи сите физички лица кои како такви вршат стопанска дејност и во претходната календарска година (2017) оствариле вкупен промет…
Предлозите на СДСМ за намалување на патните трошоци за пратениците и другите функционери се спин, меѓу другото, зашто дури ако доведат до „значително намалување“ на трошоците на јавните пари на пример во Собранието, тоа повторно се значително големи суми кои се над реалните трошоци што ги имаат
Пишува: Теофил Блажевски
Кога пред 10-тина дена пратеникот Томислав Тунтев…
Новата издадена еврообврзница е шеста по ред во историјата на Македонија. “Порталб“ ги анализира сите досега издадени Еврообврзници, под кои услови биле земени, со чиј потпис и за што се потрошиле парите
Македонија, заедно со новата еврооврзница во вредност од 500 милиони евра, досега по основ на странско задолжување, без камати, преку овој инструмент се задолжила вкупно 2…
Владата обезбеди евтин извор на пари со кои ќе ја крепи буџетската ликвидност, но во исто време, според дел од економистите, новото задолжување од 500 милиони евра преку Еврообврзница е тест за домаќинското работење и менаџирање со јавните пари. Дел од експертите сметаат дека сега клучни прашања ќе бидат како и за што ќе се трошат парите, пишува економската анализа…
Дел од годишното обраќање на Претседателот на Република Македонија беше насочено против „лажните вести“. Дали еуфоричните изјави на д-р Ѓорге Иванов против лажните вести се проверливи? Дали изјавите на претседателот Иванов се засновани на факти или продолжение на неговата препознатлива тактика на спинување, извртување и манипулирање со јавното мнение?
Пишува: Жарко Трајаноски
КОЈ ВОДИ ВОЈНА СО…
Повеќе од 120 000 000 евра должат општините за неизмирани обврски кон добавувачи, кредити, долгорочни заеми, судски решенија и камати. Новиот ревизорски извештај со наслов: „Преземње на обврски и финансиска нестабилност кај единиците на локалната самоуправа“, ја анализира финансиска состојба на локалната самоуправа за период од 2012 до 2016 година, пишува Portalb.mk во редовната економската анализа
Пишува: Анета…
Изјавите со став дека можеби и не мора да има референдум за евентуалната промена на името на Република Македонија, а последна таква даде претседателот на парламентот Талат Џафери, се извртена вистина, т.е. спин. Не само затоа што главните две партии во РМ повикуваат на тоа, туку затоа што референдумот произлегува од Уставот на РМ и како облигација
Пишува:…
Во детската бадникарска поворка, меѓу макетите од Христовото раѓање и новокомпонираната Божиќна химна „Вечниот Бог“, се „измеша“ границата на одвоеноста на црквата од државата. Со самото тоа што Шилегов кажува дека како градоначалник на Скопје излегол во пресерт со ставање на „располагање на дел од автобусите“, макар и со нивно фактурирање, тој во целиот настан го инволвирал и Градот Скопје.…
Ако претседателот на Судскиот совет има подзаборавено, јавноста сепак ги чува архивите за изјави и извештаи од нашето скоро минато, така што изјавата на Зоран Караџовски дека Советот не бил критикуван од меѓународната заедница после 2014-та, е просто речено спин
Пишува: Теофил Блажевски
Претседателот Зоран Караџовски одржа прес конференција на која изрече повеќе оценки за работата на…