Кирил Божиновски

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Кирил Божиновски е роден на 24 мај 1980 година во Скопје. Се оженил на 16 јуни 2012 година.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” на политички студии при Правниот факултет во 2002 година. Магистрант е на Катедрата по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Божиновски работел во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа во Општина Гази Баба. Од 2006 година работи како раководител на Секторот за меѓународни односи и соработка во Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.

Божиновски е генерален секретар на Владата од  јануари 2010 година, а реизбран во јуни 2014 година.

Во биографијата е наведено дека учествувал на многубројни обуки, форуми и конференции организирани од домашни и странски образовно-истражувачки институции и фондации.

 

Бомбите

На пошироката јавност ѝ стана познат секако преку неовластено прислушкуваните разговори, односно „бомбите“. Врз основа на снимките СЈО покрена обвинение против Кирил Божиновски како дел од злосторничко здружување во предметот „Титаник“.

Во одлуката за аболиција од 12 април 2016 година, Кирил Божиновски од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, доби аболиција за четири предмети. Аболицијата е поништена на 6 јуни истата година.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Владата на Република Македонија

А1он: ВМРО-ДПМНЕ: Кирил Божиновски е женет и не живее со родителите (26 јануари 2014)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.