Кочани во еден дел ја одвои атмосферската од фекалната канализација

vmro-dpmne-logo

 

Проект: Одвојување на атмосферската од фекалната канализација во Кочани Опис на проектот: Овој проект се однесува на најкритичниот дел од градот, односно за делот од централното градско подрачје, со должина на примарната и на секундарната мрежа од околу 10 километри и опфаќа 7.000 жители. Средства: 691 милион денари Извор на финансирање: Буџет на Република Македонија и меѓународни финансиски институции (Рок: 2013-2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Кандидатот за градоначаланик на Кочани во втор мандат, Ратко Димитровски, во предизборната програма во 2013 година на стр. 43, под графата Канализациски систем, пред граѓаните го претставил проектот одвојување на атмосферската од фекалната канализација за најкритичниот дел до градот во централниот дел.
Со ова ветување требало да бидат опфатени околу 7.000 граѓани и околу 10 км примарна и секундарна канализациска мрежа.
Ветувањето е исполнето. Ова може да се види од Отчетот на Општина Кочани издаден в 2017 година, за сработеното во периодот од 2013-2017 година.

Во Отчетот под наслов „Реализиран проектот за атмосферска канализација“ пишува:

Со средства од Европската инвестициска банка и од Општината, во Кочани се реализираше проектот за одвојување на фекалната од атмосферската канализација со кој се поставија атмосферски одводи на траса долга над 5 км. Атмосферски одводи се вградија на улиците: „Роза Петрова“, „1 Мај“ „Димитар Влахов“, „Тодосија Паунов“, „Браќа Ставреви“, „Христијан Карпош“, „АСНОМ“, „Славчо Стоименов“ (на крстосницата со улицата „Љупчо Сантов“), а постојната атмосферска канализација на улицата „14 Бригада“ се реши со дополнителни слив ни решетки.

Исто така, може да се види дека во овој проект учествувала и Општината со свои средства во поставување одводници за собирање на атмосферската вода:

За собирање на атмосферската вода по должината на улицата „ВМРО“, на потегот од Шопинг-центарот до мостот кај Паркот на Револуцијата, со средства од Буџетот на Општина Кочани, се поставија шест одводи кои ја канализираат водата во коритото на Кочанска Река. Инсталација за прибирање на атмосферската вода е поставена и на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“. Водата што ќе се прибира од овој критичен дел во градското подрачје ќе оди директно во Кочанска Река.

Според пребарувањето на интернет по медиумите и по сајтот на Општината, како и според Отчетот за сработеното 2013-2017, може да се констатира дека предложениот проект во предизборието во 2013 за делот од одвојувањето на атмосферската и фекална канализација во Кочани е реализиран, а слични проекти се изведени и во други населби, како што е Оризари, при асфалтирањето на улиците.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *