Коце Трајановски

Коце Трајановски е актуелен градоначалник на Град Скопје

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е во 1956 година, во Скопје, Република Македонија. Женет е и има ќерка.

Спортува играјќи кошарка и фудбал, а претходно и карате.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 1980 година.

 

КАРИЕРА

  • 1981 – 1996 – МЗТ ХЕПОС раководител на компјутерскиот центар.
  • 1996 – 1998 – ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи, а потоа затвора фирмата и се насочува кон политиката.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

  • Во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Во 2002 година е избран за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.
  • Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба каде со своите работни задачи и надлежности како градоначалник ја зајакнува локалната самоуправа и нејзиното раководење.
  • Во април 2005 година е избран за градоначалник на општина Гази Баба на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во април 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • На април 2013 година е избран за втор мандат за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
  • Во 2009 година е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи – ЗЕЛС.
  • Во 2013 година повторно е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи – ЗЕЛС.
  • 4 години е член на генерално собрание на мрежата на национални локални власти во југоисточна Европа – НАЛАС.
  • Член е на Комисијата за исполнување на критериуми за 2 фаза од фискална децентрализација.
  • Член е во Националниот комитет за Европска унија.
  • Член е на Националниот Совет за Рамномерен Регионален Развој.
  • Член е во Комитетот за урбана експанзија и справување со отпад.

 

Бомбите

Името на градоначалникот на Скопје во „бомбите“ се споменува најчесто во контекст на злоупотреба и влијание на функцијата во нарачаните измени на ГУП на Скопје, по нарачка на високи партиски и државни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега против Коце Трајанов нема поднесено никакво обвинение од СЈО.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Град Скопје: Градоначалник/Биографија

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција