Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ парламентот

 

ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот Поинтер од Флорида, САД.

Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и ќе има основна задача да врши проверка на изјави/тврдења и на стории кои што ќе се објавуваат, а се поврзани со  изборите за Европскиот парламент што ќе се оддржат во мај годинава.

Меѓународната мрежа соопштува дека европската мрежа е создадена од истомисленици, а посебна заслуга има фрацуската медиумска компанија „Либерасион“ и новинарката Полин Муло (Pauline Moullot), кои минатата година добија награда од 50 илјади долари за креирање на дигитална платформа за факт чекинг, „Провери ја веста“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.