Латас: СДСМ денес покажа само дека нивна судијка пресудила во корист на СДСМ

Latas-Filimena-sudenje
Драган Павловиќ – Латас. Фото: видео клип скриншот

 

Уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас во Дневникот на Сител го коментираше снимениот разговор со Филимена Маневска (тогашна судијка во Апелацискиот суд н.з.), кој го објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција.

 

Сакам да кажам дека такво нешто не постои, јас никогаш не сум добил ниту една пресуда, против македонски новинар за клевета. Тоа што е ваму посочено е жалба за судијка Мирјана Дуковска, која е баба на Јован Деспотовски од извршниот одбор на СДСМ. Сите три случаи кои се првостепено добиени од моја страна како тужител, сите тие три случаи на апелација таа ги поништи и пресуди во корист на интересите на СДСМ, па ако нешто денес покажале СДСМ тоа е дека нивната баба судијка го решила судството за интересите на СДСМ – рече Латас.

[Датум: 15.02.2015, Извор: Курир]

Образложение:

Никој на прес-конференцијата не тврдеше дека тој ги добил случаите. Напротив, според разговорот кој беше објавен се потврдува дека тој реагирал кај судиката од Апелациски суд, а не и дека го издејствувал тоа што го барал.

Заев на прес-конференцијата изјави дека тоа што е објавено е грозно и открива зошто затворите се полни со политички затвореници и како се местат судски пресуди против новинари кои не се соработници со власта.

Дојче Веле на македонски објави:

Последниот разговор е меѓу уредникот во Тв Сител Драган Павловиќ- Латас и сопругата на Михајло Маневски, Филимена Маневска, во меѓувреме пензионирана судијка. Од неа Латас бара да интервенира во Апелација бидејќи предметите што ги добил на Основен суд за клевета, од Апелација биле повторно вратени назад. Тој и ветува дека наредните два дена ќе и ги испрати сите податоци, за да може таа да интервенира таму каде што треба.

Во сите медиуми кои ја пренесоа прес-конференцијата на Зоран Заев е потенцирано дека Латас барал да интервенира, а не и дека издејствувал. Латас, пак, во својата изјава ја извртува целата приказна, спинувајќи ја дека не ги добил пресудите.

 

Линкови:

Дојче Веле: Заев: министри и новинари договорале судски одлуки [Проверено: 17.02.2015], http://www.dw.de/заев-министри-и-новинари-договорале-судски-одлуки/a-18259388

Тинк: АУДИО: ЗАЕВ ПУШТИ НОВА СНИМКА СНИМКА – ОД ЛАТАС СО СОПРУГАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА, [Проверено: 17.02.2015] http://think.mk/pregled/audio-zaev-pushti-nova-snimka-snimka–od-latas-so-soprugata-na-ministerot-za-pravda)

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција