Лазар Котевски
Лазар Котевски e градоначалник на Општина Новаци.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Лазар Котевски е роден на 14 април 1950 година, во Новаци.
ОБРАЗОВАНИЕ
Завршил гимназиско и педагошко образование во Битола.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Избран е за градоначалник на општина Новаци во 2005 година. Жителите го избрале за градоначалник на општината и на локалните избори во 2009 година, а по трет пат бил избран и на изборите во 2013 година.
Прогласен е за почесен граѓанин на општина Рокдеил- Сиднеј Австралија.
Како најзначајни проекти реализирани во претходниот мандат ги посочува изградба на фекална канализација во Новаци, реконструкција на уличното осветлување во повеќе места и реконструкција и надградба на општинската зграда.
ИЗВОРИ
Гласило на ЗЕЛС 2013.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар