Љупчо Бојаџиев

Љупчо Бојаџиев e градоначалник на Oпштина Кратово

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Бојаџиев е роден  на 09.06.1955 година во Ново Село, Струмица. Во Кратово живее од 1980 година, па се до денес. Оженет е и татко на едно дете.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршил во  Хемиско технолошкото училиште во Велес, а во 1988 година  дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ  во Скопје.

 

КАРИЕРА

Во 1988 година се вработил во ЈЗУ Здравствен дом Кратово како доктор за општа медицина.

Од 1999-2003 година бил директор на ЈЗУ Здравствен дом Кратово.

Во период од 1999 до 2004 година стажирал на Катедрата по очни болести во Скопје и по положување на специјалистичкиот испит во 2004 година работи како доктор специјалист офталмолог.

Во август 2017 година повторно е именуван за директор на  ЈЗУ Здравствен дом Кратово.

Бојаџиев е претседател е на Општинскиот одбор на лекарската комора на Македонија и член во Комисијата за стручни прашања.

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалникот на Општина Кратово.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Кратово: Градоначалник

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција