Љупчо Николовски
Министер кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Владата на Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
-Роден е на 20.08.1983 година во Крива Паланка, каде завршува основно и средно образование. Факултетска диплома стекнува по студииите на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје од 2002 до 2007 година, на смер финансиско право, по што завршува и многу други летни школи, курсеви и слично, претежно во странство
КАРИЕРА
-Во 2008 г. работи како прииправник во адвокатска канцеларија „Марковска и Андревски“ од Скопје
-Од 2009 до 2011 г. работи како консултант за корпоративно упраување, а подоцна и секретар во Институт за директори, некој вид граѓанска организација чија цел е заштита на угледот на директорите во Македонија. Во исто време работи и како консултант во AAG, Analysis and Advisory Group, фокусиран на човечкки ресурси и деловно право
-Од 2013 г. отвора сопствена адвокатска канцеларија
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Во 2014 година станува Шеф на кабинет на Претседателот на СДСМ, т.е на Зоран Заев
-Во 2016 година неколку месеци е технички министер во Министерството за земјоделство, согласно условите од Договорот од Пржино, преточени во Измени на Законот за Влада
-На 31 декември 2016 година е верификуван мандатот за пратеник во Собранието од пратеничката група на СДСМ
-Од 01.06.2017 г. станува Министер кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Владата на РМ, предводена од Зоран Заев
ИЗВОРИ:
-Собрание на Република Македонија – Предлог за избор на Влада
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар