Мала Речица е се уште без основно училиште

Земјиштето каде требаше да се изгради новото училиште. Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на основно училиште во Мала Речица; (Рок: 2017)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово, од страна на Демократската Унија за Интеграција, Теута Арифи на локалните избори на 2013 година, во изборната платформа, насловена како “Заедно градиме“ (стр. 101),  ветила градење на ново основно училиште во Мала Речица. До сега (22.08.2017) ова ветување е неисполнето. 

Ветувањето за градење на ова основно училиште е даден повеќе пати, но во реалност градежните активности никогаш не започнаа. Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи на 19.10.2014, како што информираа медиумите, истакна дека за задоцнувањето виновен е кинескиот донатор:

Од кинеската страна не информираа дека им е потребно повеќе време за разгледување на проектот и се надеваме дека за оптимално време ќе постигнеме и тие да забрзаат со реализирање на проектот. Сакам да истакнам дека средствата се депонирани, но зависи од темпото на донаторската страна колку брзо ќе одиме…

На 25.05.2015 година, Бота Сот информираше дека не само што не е започнато градењето на ова основно училиште, туку и дека местото каде е предвидено градењето на училиштето личи на дива депонија на отпадоци. Од Општина Тетово, во тоа време изјавија дека е одобрен проектот и дека се очекува да му се издаде и градежната дозвола.

 Проектот за ова училиште е одобрен и во овој месец се очекува да се издаде и градежната дозвола. Потоа, кинеската амбасада ќе објави тендер за избирање на компанија што ќе ги изврши градежните работи..

На 21.05.2016 тогашниот министер за Образование и Наука, Пиштар Лутфиу, изјави дека процедурите за градење на училиштето се подготвени и дека се зависи од кинеската компанија, одговорна за изградбата на училиштето во Мала Речица.

Според информациите што ги имам, процедурите се подготвени и поминале преку Владата. Сега се очекува кога ќе почне со градењето кинеската компанија.

Спротивно последователните ветувања, работите за изградба на основно училиште во Мала Речица не започнаа ни во 2017 година, иако училиште е повеќе од потребно, бидејќи според граѓаните, поради растојанието и ризикот на патот, децата треба да бидат придружени од родители до околните училишта . На 05.03.2017 од Општина Тетово изјавија:

Општина ги направила сите подготовки за да започне градењето на училишниот објект, значи ја расчистила работата со имотот на спомената локација, го подготви главниот проект и сега чекаме ова училиште да се изгради како е договорено. Но, ако некако не се постигне ова или има пречки во ова насока, јас мислам дека општина има план за истиот проект да аплицираат од државниот буџет. 

Градењето на основното училиште во Мала Речица, Тетово, е неопходна потреба за најмладите во ова место. Во Мала Речица, околу 1000 ученици ги следат лекциите неколку километри од местото на живеење, дел од нив во Голема Речица, остатокот во основното училиште “Наим Фрашери“ во Тетово.

Решавањето на овој проблем е ветен неколку пати, но се уште ништо не е преземено во насока на градежните активности. Затоа, мајќи во предвид дека мандатот на градоначалниците и на комуналните советници е веќе формално истечен, според горе наведените извори и според методологијата на „Вистиномер“, може да се заклучи дека ова ветување на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи „За изградба на основното училиште во Мала Речица„ е неисполнето.

 

ИЗВОРИ

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција