Маријанчо Николов: Енормно трошење на буџетот, а полнење по основ на глоби

marjanco-nikolov
Марјанчо Николов, СДСМ | Извор: ПлусИнфо | Датум: 25.02.2014

Ние сме сведоци дека за овие 45 дена од почетокот на оваа година, енормно Владата троши пари од Буџетот на Република Македонија. Притоа, ако се види извештајот на Министерството за финансии за прво прибраните приходи во овие 45 дена, значи зборувам за месец јануари до 14 февруари 2014 година, фрапира податокот дека само од казни сте собрале 87 милиони денари. 1.5 милиони евра за 45 дена сте собрале само од казни. Или 30.000 евра дневно се собирале од основ на само на глоби.

Образложение:

Според предизборниот финансиски извештај на Министерството за финансии, од почетокот на 2014 година заклучно со 14 февруари, вкупните реализирани расходи од буџетот на РМ изнесуваат 23.784 милијарди денари. За периодот јануари- февруари 2013 година, вкупно реализираните расходи од буџетот изнесувале 25.522 милијарди денари. Иако според претходните извештаи на Министерството за финансии постои тенденција на постојано зголемување на реализираните расходи од буџетот, не може со сигурност да се каже какви ќе бидат бројките на крајот од месец февруари. Тогаш со сигурност ќе можеме да кажеме дали станува збор за енормно трошење или тоа е сепак трошење во границите на претходните години.

Понатака според предизборниот извештај на Министерството за финансии, до 14 февруари, буџетските приходи од неоданочени даноци во кои спаѓаат и глобите, изнесува 169 милиони денари, а приходите само од  глоби изнесуваат 87 милиони денари. Во јануари 2013 година вкупните приходи од неданочните приходи изнесувал 929 милиони денари, додека во февруари 1.883 милиони денари. Во овие два извештаи нема податок за тоа колку изнесувале приходите во буџетот само по однос на глоби. Иако бројката од 87 милиони денари која пратеникот Николов ја споменува е точна, не можеме да кажеме со сигурност дали е таа преголема во однос на претходните приходите во Буџетот по основа на глоба.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција