Марко Зврлевски

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски е роден на 4 декември 1960 година во Дебар.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Бил на постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

 

КАРИЕРА

Марко Зврлевски има двегодишно адвокатско искуство. За  Државен јавен обвинител е избран на 21 јануари 2013 година, од Собранието на Република Македонија. Мандатот е со времетраење од шест години.

На оваа функција доаѓа од позиција на претседател на Вишото јавно обвинителство-Скопје.

Од 1989 година па сѐ до 1998 година, Зврлевски работи како стручен соработник во тогашното Општинско обвинителство во Скопје. Од 2000 година е Заменик јавен обвинител во скопското јавно обвинителство. Од 2005 година се сели во Одделот за организиран криминал и корупција.

Подоцна, во 2009 година, од страна на Советот на јавни обвинители е избран за претседател на Вишо јавно обвинителство-Скопје. Во својата јавно-обвинителска функција во скопското Јавно обвинителство има работено  на предмети од кривична материја и организиран криминал.

Марко Зврлевски е споменуван во прислушкуваните разговори помеѓу министри во Владата. Од разговорите се покажува влијанието врз тогашниот обвинител за организиран криминал, а сегашен Јавен обвинител, Марко Зврлевски, за отфрлање на кривична пријава против Ставрески.

Против него нема покренато обвинение од СЈО.

 

ИЗВОРИ

Јавно обвинителство на Република Македонија: Биографија на Марко Зврлевски

Академик: Марко Зврлески е новиот јавен обвинител на РМ – 21 јануари 2013

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.