Мартин Протуѓер

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден на 8 мај 1979 година во Скопје. Оженет е.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Тој е магистер по медиуми и меѓународни комуникации на Европскиот универзитет Виадрина во Франкфурт, Германија и Софиски универзитет “Климент Охридски”.

Зборува германски и англиски.

 

КАРИЕРА

Работел како помошник за односи со јавноста на директорот на „Медија принт Македонија“.

До 2005 година е претставник на медиумската група ВАЦ за Југоисточна Европа.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Мартин Протуѓер е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2004 година е член на ВМРО-ДПМНЕ , а од 2006 година е шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски .

Од ноември 2007 година до јули 2011 година е генерален секретар на владејачката во тоа време партија – ВМРО-ДПМНЕ, а функцијата ја презема од него Кирил Божиновски.

 

Бомбите

Од анонимус во политиката, Мартин Протуѓер стана препознатлив со својот глас во прислушкуваните разговори. Тој со својот нескротлив темперамент и со неколку злобни изјави во разговорите, предизвика лавина реакции кај граѓаните. Од разговорите постојат индиции дека Протуѓер директно влијаел во уредувачката политика на провладините медиуми. Индициите посочуваат и дека, Мартин Протуѓер бил еден од кадровиците при вработувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ и жесток „борец“ во  изборните нерегуларности.

СЈО против него нема покренато обвиненија.

На 12.04 2016 година во актот за помилување и аболиција од претседателот Иванов, Мартин Протугер е аболициран со 5 поединечни решенија за аболиција

 

ИЗВОРИ

Википедија на бугарски

Утрински весник: Лидерот во сенка (9 јули 2010)

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.