Миле Јанакиески: Нови автобуски линии од Велес за Скопје

janakieski2_gЗаконот за превоз по иницијатива на пратеникот од Велес, Илија Димов е променет и на 1 октомври ќе има јавен повик за нови компании кои се заинтересирани за нови автобуски линии. Повикот ќе трае два дена и очекувам кон крајот на октомври да имаме пет нови автобуски линии кои дирекно ќе поаѓаат од Велес за Скопје. [Датум: 12.09.2013 | Извор: А1он]

Образложение:

До крајот на овој месец (октомври), како краен рок за реализација на оваа изјава, не се пуштени нови автобуски линии од Велес за Скопје. Потврда за тоа добивме од автобуската станица во Велес, од каде што не известија дека нема измени во нивниот возен ред и дека сè уште постојат само досегашните автобуски линии.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција