Миликије Халими

Миликије Халими е градоначалничка на Општина Арачиново

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Миликије Халими е родена во Арачиново, каде што живее со своето семејство. Омажена за Агрон и мајка на две деца, ќерката Диелза и синот Донит.

 

ОВРАЗОВАНИЕ

Основното образование го завршила во училиштето Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег во 1995 година, а  средното образование во Медицинскиот центар во Тетово, Никола Штејн (1996-2000 година).  По завршување на средното образование се запишала на Педагошкиот факултет, каде дипломирала  во 2006 година.

Покрај формалното образование, завршила  многу курсеви и обуки од меѓународни институции во различни области, но со посебен акцент на улогата и придонесот на жените во развојот на општеството.

 

КАРИЕРА

До доаѓањето на градоначалничката функција Халими  немала никакви политички амбиции и не се занимавала со политика.

Професионалната кариера главно ѝ е поврзана со приватниот сектор, како дел од тимот во аптеката „Зегин“ во населбата Маџари, Скопје.

Таа е првата жена градоначалник  во Општина Арачиново, а на функцијата беше избрана  на локалните избори во октомври 2017 година уште во првиот круг.

 

ИЗВОР:


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *