Министерот за правда уште од 2011 година не е член на Советот за јавни обвинители

Фото: Принтскрин

 

Ќе направиме сериозни реформи и во Јавното обвинителство. Министерот за правда нема да биде член на Советот на јавни обвинители

 [ИЗВОР: Предизборна програма на СДСМ „План за живот“, стр. 233 , датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016 година, СДСМ вети дека во првите шест месеци од мандатот  ќе бидат направени сериозни реформи во Јавното обвинителство и „министерот за правда нема да биде член на Советот на јавни обвинители“. Ова изборно ветување на социјалдемократите дадено во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , кое е составен дел и од  „Планот 180 – итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци“ ( стр.233), е сосема нелогичноСпоменатото ветување делува дури и смешно, бидејќи министерот за правда уште од 2001 година не е член на Советот за јавни обвинители. Имајќи го предвид овој факт, според Методологијата на „Вистиномер“, ветувањето го оценуваме како „недоследно“

Министерот за павда бил по функција член на Советот за јавни обвинители од декември 2007 година, кога е донесен : Закон за Советот на јавниte обвинители на Република Македонија,  до јули 2011 година, кога се усвоени измените на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија. И според овие законски измени, кои се објавени на веб-страницата на Министерството за правда (ЛДБИС – База на закони, подзаконски акти и други прописи),  министерот повеќе не е дел од составот на ова тело. Поконкретно,  во  актуелното законско решение (Член 6) се прецизира дека:

Советот е составен од 11 члена, од кои:

  • по функција член на Советот е јавниот обвинител на Република Македонија
  • еден член на Советот    избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, од своите редови,
  • по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови,
  • еден член на Советот припадник на заедница која не е мнозинство во Република Македонија,  го  избираат  сите  јавни  обвинители  во  Република  Македонија,  од  своите редови и
  • четврорица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оставете реакција