Митко Чавков

 

М-р Митко Чавков во неколку наврати е директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 24 јануари 1963 година во струмичко Ново Село. Женет е и татко на две деца.

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје во 1986 година.

Во декември 2011 година магистрирал на темата „Криминалистичкото разузнавање во борбата против организираниот криминал“.

 

КАРИЕРА

По завршувањето на академското образование се вработува во МВР.

Од 1992 до средината на 1999 година е Началник на Секторот за криминалистичка полиција при СВР Струмица,

Од 1999 до 2001 година е Заменик началник на СВР Струмица.

Од 2005 година до септември 2006 година е Главен инспектор за финансиски криминал при Одделот за организиран криминал,

Од 2006 до април 2012 година е началник на Одделот за организиран криминал (денес Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал).

Од април 2012 година до мај 2013 година е прв човек на Централните полициски служби.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Политички назначувања во МВР

Од мај 2013 година е директор на Бирото за јавна безбедност.

На 13 мај 2015 година е именуван за министер за внатрешни работи на Република Македонија. Функцијата ја врши до 11 ноември 2015 година, кога според Пржинскиот договор од јуни и јули 2015 година, на функцијата е назначен Оливер Спасовски од СДСМ, а Чавков во новата влада, која требаше да ги подготви предвремените парламентарни избори најдоцна до крајот на април 2016 година, е назначен за дополнителен заменик-министер.

На 18 мај 2016 година Митко Чавков е повторно именуван за министер за внатрешни работи, а функцијата ја извршува до 1 септември 2016 година, кога само ден после лидерската средба со која е уточнет датумот на изгласување на новите министри и заменици-министри од СДСМ, поднесува оставка и потоа на 2 септември 2016 година е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност.

На неговото место на чело на МВР доаѓа Оливер Андонов, кој е министер само еден ден.

 

ИЗВОРИ

Влада на Република Македонија – Митко Чавков

Мета – Пратениците гласаа: Чавков и Мисајловски нови министри во Владата на Груевски

Утрински весник – ФОТО: Тројца нови министри во предизборната влада

24 Вести – Чавков и Спасов нови министри-опозицијата ги исвирка

Мета – Оливер Андонов ќе биде министер за внатрешни работи за еден ден

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција