Над 1.400 ученици на О.У. „Исмаил Ќемали“ во Чаир, следат настава во мизерни услови

bdi-large

Проектот за проширување на О.У. „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле беше ветен во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција, за парламентарните избори во 2014 година. Беше предвидено проектот да заврши до крајот на 2015 година, меѓутоа досега (15.03.2017) ова ветување не е исполнето

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Училиштето „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, продолжува да се соочува со немањето простор за над 1.400 ученици кои ја следат наставата во ова училиште. Властите честопати ветиле проширување на училиштето, но реално немало некое решение на овој проблем. Управата на училиштето, соочена со вакви околности, одлучила основците наставата да ја следат во просториите на градниката која што се наоѓа спроти училиштето. Иако во добра состојба, градинката нема доволно услови за децата.

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, пред година и половина имаше ветено дека ако се добие барање од училиштето да се разгледа овој проблем, истото ќе биде вклучена во програмата за наредната, 2016 година.

Доколку управата на училиштето ни се обрати преку општината Чаир, за евентуалното проширување на училиштето, или пак за нови простории, или за реновирање на постоечкиот објект, секако дека ќе го разгледаме тоа и ќе можеме да го вклучиме во програмата за наредната година. (Извор: TВ21, 20.11.2015)

Иако можеби за МОН овој проблем е непознат, од управата на О.У. „Исмаил Ќемали“ велат дека барањата за отворање на нови паралелки и за вработување на нови кадри се постојани, но сепак нема позитивни одговори, со изговор дека училиштето има имотни проблеми.

Нивниот изговор е дека нема можност. Минатата година за прв пат добивме одговор од министерството дека уште не е уредена имотната состојба на училиштето, односно не е завршена постапката, и затоа барањето не е земено во предвид…Дворот на училиштето е во сопственост на општината, додека објектот на училиштето во сопственост на Министерството за образование, но има некои услови кои што треба да се исполнат, за да премине директно и училиштето во сопственост на општината. (Извор: Aлсат-М, 25.06.2016)

Освен недостигот на потребните простории, во ова училиште има и други проблеми: застарен кров, канализација што смрди, искршени прозори и др.

Проблемот на ова училиште остана нерешен и во оваа 2017 година.

Бројот на ученици е навистина алармантен, има над 1.450 ученици, и ова ќе биде проблем и во иднина затоа што населбата расте, а со тоа и бројот на нејзините жители… (5:32) училиштето нема капацитет за сите овие ученици… (5:40) има разлика ако наставата се изведува со 20-25 ученици за разлика од 35 ученици, и тоа многу влијае врз квалитетот на наставата, но тие се условите. (Извор: Aлсат-M, 23.01.2017)

Вистиномер излезе на терен за да ја види состојбата на училиштето. Во училиштето продолжува проблемот со пренатрупаните паралелки, а дел од учениците продолжуваат да ја следат наставата во градинката отспротива. Од управата велат дека ги направиле сите потребни барања за проширување на училиштето.

ismail qemali caircerdhja, cair

Фото 1, 2; Основно училиште „Исмаил Ќемали“ – Чаир 

Беше ветено дека проширувањето на ова училишпте ќе се направи до крајот на 2015 година, но сепак до денес не е направен ниту еден позитивен чекор за решавање на овој проблем. Од тоа што успеавме да го видиме и истражиме, според методологијата на Вистиномер, ова ветување го сметаме како неисполнето. 

 

ИЗВОРИ: 

 

Оцени: Рaбије Абази


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *