Вети 20, а новата Влада на СДСМ ќе брои 25 министри

Радмила Шеќеринска на дебатата „Создаваме одговорна власт“ Фото: Веб-страница на СДСМ

 

Во октомври 2015 година заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска говорејќи на дебатата  на тема „Создаваме одговорна власт“, меѓу другото, ја даде и следната изјава:

Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри – и да се два милиона (население н.з.) што не се, на 81.000 луѓе во државата имате по еден министер. Ако ја погледнете Гeрманија на пет милини луѓе – еден, ако проверите Естонија, еве земји блиски по големина со Македонија – Латвија, Естонија, ќе видите 90, 100, 150 илјади (граѓани на еден министер н.з.). Тоа сметаме дека мора да се промени. Бројот на министри во Владата на СДСМ нема да надмине повеќе од 20 и ќе гледаме тој број да се намалува, а ќе почнеме разговори со сите други партии во парламентот за да го намалиме и бројот на пратеници помеѓу 90 и 100, што сметаме дека највеќе ќе одговара на Македонија…

[Извор: А1 ОН  (од 19,50 до  20,35 минута од видеото); Датум: 07.10.2015]

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Наспроти ваквиот исказ на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска дека владата на СДСМ ќе брои максимум 20 министри, со тенденција тој број да се намалува, вчера (28 мај 2017), мандатарот Зоран Заев до Собранието  ги достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада која ќе брои вкупно 26 членапремиер и 25 министри, од кои осум се министри без ресор.

Мандатарот Заев за членови на новиот владин кабинет ги предложи:

  1. Радмила Шеќеринска – министер за одбрана

  2. Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

  3. Драган Тевдовски – министер за финансии

  4. Никола Димитров – министер за надворешни работи

  5. Рената Десковска – министер за образование

  6. Љупчо Николовски – министер за земјоделство

  7. Мила Царовска – министер труд и социјала

  8. Роберт Алаѓозовски – министер за култура

  9. Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација

  10. Горан Сугарески –  министер за транспорт и врски

  11. Хазби Лика –  вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците

  12. Бујар Османи – вицепремиер задолжен за евроинтеграции

  13. Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање

  14. Крешник Бектеши – министер за економија

  15. Билен Салији – министер за правда

  16. Арбен Таравари – министер за здравство

  17. Сухејл Фазлиу – министер за локална самоуправа

  18. Рамиз Мерко – министер без ресор

  19. Кочо Анѓушев  министер без ресор

  20. Едмонд Адеми – министер без ресор

  21. Роберт Поповски – министер без ресор

  22. Самка Ибраимовски – министер без ресор

  23. Аднан Ќахил – министер без ресор

  24. Зорица Апостоловска – министер без ресор

  25. Зоран Шапуриќ – министер без ресор

 

Фактички, иако СДСМ најавуваше намалување на бројот на министрите , сепак, новата Влада ќе има идентичен број министри како и Владата во заминување предводена од ВМРО-ДПМНЕ (25).

Така што, споментата изјава на Шеќеринска, дадена пред речиси две години  за време на дебатата која се одржа во рамките на  прoектот: „Визијата за Македонија“, ја сметаме за недоследна и ја оценуваме како невистина.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција