Наместо во септември, отворањето на градинката во Куманово пролонгирано за декември

sdsm-logo

Пренамена на дел од просториите на Пионерскиот дом во Куманово во градинка за дечиња од предучилишна возраст. (Рок за реализација: 20 септември 2017 година)

[Ветување на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Датум: 04.08.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Пренамената на дел од просториите на Пионерскиот дом во Куманово во градинка, започна на први август 2017 година, а како што тогаш вети министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, таа ќе биде  готова за 45 дена, односно до 20 септември. Преадаптацијата на просторот е завршена, меѓутоа поради проблеми со затоплувањето доцни отворањето на градинката. Со оглед на фактот што рокот за реализација на проектот е поминат пред два месеца и сега се најавува финализација на работите со затоплувањето на градинката и нејзино пуштање во употреба наредниот месец (декември), ветувањето го оценуваме како делумно исполнето.

На 04.08.2017 година, како што пренесоа дел од медиумите, министерката Царовска при посетата на објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, меѓу другото, изјави:

За реконструкција на овој објект Министерството за труд и социјална политика од Буџетот има издвоено три и пол милиони денари. Изведувачот има договор за 45 дена треба да заврши, на 1 август е започната работата, што значи некаде на 20 септември треба да биде завршено – вели Царовска, пренесе порталот Кумановски муабети.

За реконструкција на објектот предвидени се 2.083.637 денари, а во Буџетот се обезбедени средства и за опремување на градинката во износ од 1.513.202 денари. Реконструкцијата започна на 1 август 2017 година и предвидено е да заврши за 45 дена. Градинката ќе опфати 85 деца, ќе има три занимални и една група јасли, соопшти МТСП, а пренесе Слободен печат.

Сепак, ваквите предвидувања на министерката Царовска не се остварија.

На 21.11.2017 година, порталот Кумановоњуз, јави дека градинката во Пионерскиот дом, наместо во септември, ќе биде готова до крајот на годината, односно декември. Веста утредента ја пренесе и порталот Кумановски муабети.

Поради проблеми со затоплувањето доцни отворањето на градинката во Пионерскиот дом. Иако беше ветено дека ќе биде пуштена во употреба во септември, сега нејзино отворање се најавува до крајот на годината.
„Техничкиот прием е направен треба да се довршат уште некои работи околу затоплувањето, така да надеваме дека до крајот на годината ќе започне со работа“, – изјави директорката Марина Алексовска, јави Кумановоњуз.

Па, имајќи предвид дека доцни целосната реализација на  проектот за пренамена  на дел од просториите од кумановскиот Пионерски дом во градинка, ветувањето на министерката Царовска го сметаме за делумно исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *