Наташа Петровска
Наташа Петровска е градоначалник на Општина Битолa
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Наташа Петровска е родена на 18 декември 1971 година во Битола. Петровска е мажена, мајка на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Средно училиште завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, насока физичар – техничар.
Дипломиран професор по математика е од 1995 година. Во 2012 година магистрирала менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на тема: „Наставни програми во функција на задоволување на потребите и можностите на учениците“.
КАРИЕРА
Од 1996 година работи како професор по математика. Има низа сертификати како ментор на ученици на натпреварите по математика, во државата, но и на меѓународно ниво, а учествувала и како обучувач во голем број проекти.
Во периодот од 2013 до 2017 година била член на Советот на Општина Битола и координатор на Советничката група предводена од СДСМ.
На функцијата градоначалник на Општина Битола доаѓа на 25.10.2017 година.
ИЗВОРИ
Веб-страница на Општина Битола: Градоначалник/Биографија
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар