Не е формиран центар за тестирање на странски јазици и компјутерски вештини

Фото: pexels.com

 

Ветување: Формирање центар за тестирање на познавање на странските јазици и компјутерските вештини.

[Изборна програма на ДУИ за парламентарните избори 2016, датум: декември 2016 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма  со која ДУИ настапи на последните парламентарни избори, во делот  „Јавна администрација” е дадено ветување за „ формирање центар за тестирање на познавање на странските јазици и компјутерските вештини” за вработените во администрацијата. Ова ветување на ДУИ е неисполнето.

„Вистиномер“ го контактираше Центарот за обуки во рамките на Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ни изјавија дека во нивните рамки нема таков центар и засега нема да се воведе сличен. Оттаму ни рекоа дека  нема посебен центар кој би го тестирал познавањето на странските јазици или компјутерските вештини, туку само се оценува  професионалниот капацитет на административците.

При проверка на сајтот на ова Министерство, исто така не најдовме информација за некаков план за воведување на ваков центар во блиска иднина.

И при пребарување на интернет, не може да се најде информација дека се планира  „формирање центар за тестирање на познавање на странските јазици и компјутерските вештини”.

Такво ветување немаше ниту во „Планот 3-6-9″ на Владата,  ниту во административни реформи кои се јавно промовирани, а ни во планот на Владата 2016-2020.

Имајќи го предвид сето ова, може да се констатира дека ова ветување на ДУИ, за  формирање центар за тестирање на познавање на странските јазици и компјутерските вештини, е неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.